мини|Извршната наредба 9981. Извршна наредба 9981 ― извршна наредба издадена на 26 јули 1948 година, од страна на претседателот Хари С. Труман. Со неа била укината дискриминацијата „врз основа на раса, боја на кожа, религија или национално потекло“ во вооружените сили на Соединетите Држави. Наредбата довела до повторна интеграција на службите за време на Корејската војна (1950–1953). Тоа било клучен настан во движењето за граѓански права по Втората светска војна и големо достигнување на претседателството на Труман.

За Труман, Извршната наредба 9981 била делумно вдахната од нападот врз Исак Вудард, кој бил војник од Соединетите Држави и црнечки ветеран од Втората светска војна. На 12 февруари 1946 година, неколку часа откако бил почесно отпуштен од Армијата на Соединетите Држави, тој бил нападнат додека сè уште бил во униформа од полицијата на Јужна Каролина додека се возел дома со автобус. Нападот го оставил Вудард целосно и трајно слеп. Претседателот Хари С. Труман наредил сојузна истрага. Труман, исто така, го основал Претседателскиот комитет за граѓански права, чиј извештај, „За обезбедување на овие права“, ја осудил состојбата на граѓанските права во нацијата и препорачал мерки за поправка на овие пропусти. Потоа, тој одржал историски говор пред НЗУОЛ и нацијата во јуни 1947 година во кој ги опишал граѓанските права како морален императив, поднел сеопфатен закон за граѓански права до Конгресот во февруари 1948 година и ги издал Извршните наредби 9980 и 9981 на 26 јули 1948 година, десегрегирајќи ги вооружените сили и промовирајќи антидискриминација низ целата сојузна влада.

Пред Извршната наредба 9981 Црнците од Соединетите Држави, во војската работеле според различни правила што го одложувале нивното влегување во борба. Тие морале да чекаат четири години пред да можат да започнат со борбена обука, додека тамошниот белец ќе започнел со обука во рок од неколку месеци откако ќе се квалификувал. Воздухопловниот корпус намерно ја одложувал обуката на црнците иако им требаше повеќе работна сила (Анкета и препораки). Програмата за повторно запишување во Женскиот армиски корпус (ЖАК) била отворена за црнкињи, но немало задачи во странство.

Црнците војници кои биле стационирани во Обединетото Кралство, за време на Втората светска војна дознале дека војска на Соединетите Држави, се обидувала да им наметне сегрегација според стилот на Џим Кроу, иако Кралството не го практикувала расизмот што бил практикуван во Соединетите Држави. Според авторот Ентони Берџес, кога на сопствениците на пабови во Бамбер Бриџ им било кажано од северноамериканската војска да ги сегрегираат своите места, тие поставиле знаци на кои пишувало „Само за црнци војници“. Еден војник коментирал: „Едно нешто што го забележав овде и што не ми се допаѓа е фактот дека Англичаните не повлекуваат никаква граница на бои. Англичаните мора да се прилично неуки. Не можам да сфатам како белкиња би можела да се дружи со црнец.“

Во анкета од 1945 година, спроведена меѓу 250 белци офицери и наредници на кои им бил доделен црнечки вод во четата, биле собрани следниве резултати: 77% и од офицерите и од наредниците рекле дека станале поповолни кон црнците војници откако црнечки вод бил доделен во нивната чета (не биле пронајдени случаи во кои некој рекол дека нивниот став кон црнците станал помалку поволен), 84% од офицерите и 81% од наредниците сметале дека црнците војници се покажале многу добро во борба, само 5% од офицерите и само 4% од наредниците сметале дека црнците пешадиски војници не се толку добри како белците пешадиски војници, а 73% од офицерите и 60% од наредниците сметале дека црнците војници и белците војници се сложувале многу добро кога биле заедно. Според оваа конкретна анкета, немало разумни основи за расна сегрегација во вооружените сили.

Обиди за искоренување на дискриминацијата

Во 1947 година, активистот за граѓански права Аса Филип Рандолф, заедно со колегата Грент Рејнолдс, ги обновиле напорите за ставање крај на дискриминацијата во војската, основајќи го Комитетот против Џим Кроу во воена служба и обука, подоцна преименуван во Сојуз за ненасилна граѓанска непослушност против воена сегрегација.Susan M. Glisson, The Human Tradition in the Civil Rights Movement (Rowman & Littlefield, 2006), 91 Трумановата наредба ја проширила Извршната наредба 8802 со воспоставување еднаквост на третманот и можностите во војската за луѓе од сите раси, религии или национално потекло.

Наредбата:Со ова се прогласува дека политиката на Претседателот е да има еднаков третман и можности за сите лица во вооружените сили без оглед на раса, боја на кожа, религија или национално потекло. Оваа политика ќе се спроведе што е можно побрзо, имајќи го предвид времето потребно за спроведување на сите потребни промени без да се наруши ефикасноста или моралот.Со наредбата бил основан и комитет за истрага и давање препораки до цивилното раководство на војската за спроведување на политиката.

Началникот на Генералштабот на армијата, генерал Омар Бредли, не ја прифатил наредбата, коментирајќи дека „Армијата нема намера да спроведува никакви социјални реформи“. Бредли бил принуден од претседателот Труман, да се извини јавно.

Наредбата го елиминирала Монтфорд Поинт како сегрегиран марински камп за обука. Тој станал придружен објект на кампот „Лежун“.

Поголемиот дел од фактичкото спроведување на наредбата било постигнато од администрацијата на претседателот Двајт Д. Ајзенхауер (1953–1961), вклучувајќи ја и десегрегацијата на воените училишта, болниците и базите. Последната од единиците составени исклучиво од црнци во војската на Соединетите Држави била укината во септември 1954 година.

Кенет Клејборн Ројал, секретар на армијата од 1947 година, бил принуден да се пензионира во април 1949 година затоа што продолжил да одбива да ја десегрегира армијата речиси една година по наредбата на претседателот Труман.Robert B. Edgerton, Hidden Heroism: Black Soldiers in America's Wars, Barnes & Noble, 2009, стр. 165

Петнаесет години по наредбата на Труман, на 26 јули 1963 година, секретарот за одбрана Роберт Мекнамара ја издал Директивата 5120.36 со која ги охрабрил воените команданти да ги користат своите финансиски средства против објекти што ги користат војниците или нивните семејства, а кои дискриминираат врз основа на пол или раса.

Спротивно на извршната наредба на Труман, Соединетите Држави се придржувале со привремено барање од исландската влада да не бидат стационирани црнци војници во базата на Соединетите Држави, во Кефлавик, Исланд. Соединетите Држави го исполниле барањето на Исланд сè до 1970-тите и 1980-тите години, кога црнците војници почнаа да бидат стационирани во Исланд.

Наводи

Дополнителни извори

Гарднер, Мајкл Р. Harry Truman and civil rights (SIU Press, 2002) онлајн Гропман, Алан Л. The Air Force Integrates, 1949–1964 (Канцеларија за историја на воздухопловните сили, 1986) онлајн Ротингаус, Брендон и Адам Л. Ворбер. „Unilateral orders as constituency outreach: executive orders, proclamations, and the public presidency“. Presidential Studies Quarterly 45.2 (2015): 289–309. Тејлор, Џон Е. Freedom to Serve: Truman, Civil Rights, and Executive Order 9981 (Routledge, 2013) Ворбер, Адам Л., Ју Оујанг и Ричард В. Вотерман. „Landmark executive orders: Presidential leadership through unilateral action“. Presidential Studies Quarterly 48.1 (2018): 110–126.

Надворешни врски

Целосен текст на Извршната наредба 9981 Archived од Претседателската библиотека и музеј „Хари С. Труман“ Интеграција на вооружените сили, 1940–1965 (Серија одбранбени студии) од Морис Џ. Мекгрегор помладиот, од Центарот за воена историја на Армијата на Соединетите Држави Црнците мора да водат две војни:“ Востанието на Фримен Филд и десегрегацијата од Втората светска војна“, Историско биро на Индијана „Борба заедно во Кореја“епизода од радио програмата на BBC World Service „Документарецот“ за ефектите од Извршната наредба 9981

Категорија:Историја на граѓанските права во Соединетите Американски Држави Категорија:Извршни наредби на Хари Труман Категорија:Црнечка историја на војската на Соединетите Држави Категорија:Црнечка историја во Соединетите Држави помеѓу еманципацијата и движењето за граѓански права Категорија:Воена историја на Соединетите Држави во 20 век Категорија:Соединетите Држави во јули 1948 година Категорија:Правото во Соединетите Држави во 1948 година Категорија:Историја на човековите права