Ени Култејт (мом: де Лејси, ок. 1856 – 1931) — професорка по англиски јазик и суфражистка во Јорк. Култејт го основала огранокот на Женскиот социјален и политички сојуз (WSPU) во Јорк во 1910 година.
Живот Култејт била родена во Фулфорд, Северен Јоркшир, Англија, во 1856 година. Таа се обучила како наставничка, а подоцна се вработила како помошничка директорка во основното улилиште Фишергејт во Јорк. Таа се омажила за Френк Култејт во 1881 година и заедно имале две деца.
Активизам Култејт се вклучила во кампањата за право на глас на жените откако била инспирирана од говорот што го одржала Емелин Панкхерст во Јорк во текот на 1908 година. Таа го основала локалниот огранок на Женскиот социјален и политички сојуз (WSPU) во Јорк во 1910 година, кога имала 55 години. Таа организирала говорници од огранокот на WSPU во Скарборо, вклучувајќи ги Адела Панкхерст и Марион Мекензи, за да се обратат на огранокот во Јорк, а за возврат зборувала и на состаноците на WSPU во Скарборо.
Активизмот што го спроведувала Култејт вклучувал продажба на весникот „Гласови за жени“ од врата до врата низ градот Јорк, организирање на локалниот бојкот на суфражетките на пописот од 1911 година со Вајолет Ки Џонс, и помагање на Лилијан Лентон да избега од домашен притвор за време на нејзиното ослободување од затвор според Законот за мачка и глушец.
Смрт Култејт починала во Акомб во 1931 година и била погребана во црквата „Свети Стефан“ во Акомб, Северен Јоркшир, Англија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Јорк Категорија:Починати во 1931 година Категорија:Родени во 1856 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Историја на човековите права