Сиан Еванс — американска библиотекарка, активистка и викимедијанка. Таа е соосновач на Art+Feminism, глобален уреднички маратон за оспорување на родовите предрасуди на Википедија. Еванс е библиотекарка на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Кариера Еванс е ко-основач на Art+Feminism, глобална кампања која се бори против родовите предрасуди на Википедија. Еванс изјавила дека како дел од Art+Feminism, „ние работиме конкретно – додаваме наводи на страниците, го прошируваме опфатот на жените во уметноста – но, ги разбираме овие настани и како платформи за подигање на свеста и се надеваме дека од тоа ќе произлезат стратегии за промена“. Еванс е библиотекарка која работи на мрежните програми во Шериданските библиотеки и музеи на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во 2014 година, Еванс била именувана за една од 100-те водечки глобални мислители за мрежните вести ''Foreign Policy“.

Истражувањето и пишувањето на Еванс за дигитално фокусираната родова еднаквост биле објавени во „Уметничка документација: Журнал на Здружението на уметнички библиотеки на Северна Америка“ и во книгата „Информирана агитација: Библиотекарски и информативни вештини во движењата за социјална правда и пошироко“. Таа е дел од групата за специјален интерес за жени и уметност на Северноамериканското здружение на уметнички библиотеки.

Наводи

Категорија:Историја на човековите праваКатегорија:Статии со hCards