Хелмут Фетер (21 март 1910 година во Растенберг – 2 февруари 1949 година) бил СС- Хаупсттурмфирер и нацистички воен злосторник.

Фетер бил доктор во концентрацискиот логор Аушвиц, назначен за главен доктор од страна на Рајхсфирерот-СС Хајнрих Химлер. Тој им се придружил на другите лекари (како Ханс Кениг, Хајнц Тило и Фриц Клајн) во задачата за селекција на способни Евреи за работа на индустриските машини и испраќање на останатите во гасните комори. Тој, исто така, вршел медицински експерименти врз затвореници, вклучувајќи инјекции со фенол. Како платен службеник на ИГ Фарбен (германски: IG Farben), Фетер, исто така, намерно ги инфицирал затворениците во Аушвиц, Дахау и Гузен за да спроведува медицински експерименти. По војната, Фетер бил прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на смрт. Бил обесен во затворот Ландсберг на Лех.

Наводи

Надворешни врски

„Медицински експерименти во КЗ Гузен“, Еврејска виртуелна библиотека

Категорија:Починати во 1949 година Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Историја на човековите права Категорија:Германски воени злосторства во Втората светска војна