Јаким Јованов, повеќе познат по псевдонимот Јаким Челопечки и Јаким Војвода — македонски ајдут и војвода. Главен раководител на Кумановското востание и доброволец во Руско-турската војна. Дел од ајдутското движење во Македонија.

Животопис Јаким Јованов потекнува од село Челопек, Кумановско — тогаш дел од Отоманското Царство. За време на Големата источна криза, Јованов се приклучил во Српската војска и доброволно учествувал во Српско-турската војна. За време на Руско-турската војска, Јованов ја преминал српската граница со Димитрија Старонагорички и го организирале Кумановското востание. Со неговата чета, Јованов ја ослободил Крива Паланка, Козјачијата и планината Герман. Околу февруари 1878 година учествувал во битката кај Табановце каде ликвидирал 20 Арнаути и нивниот командир Фетах Мутоловски.

За време на востанието, Јованов го ослободил Ново Село, Кумановско. Ја поразил војската на булукбаша Јусен Фером кај село Герман и Мула Алијом кај село Огут. По востанието, Јованов учествувал во ајдутското движење во Македонија. Претежно дејствувал во Козјак. Околу мај 1881 година ја преминал српската граница каде убил тројца муслимани. Во 1882 година го посетил селото Одри за време на македонска свадба. Таму бил обиколен од турската војска, предводена од булукбаша Зејнел. Јованов загинал околу мај 1882 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Челопек (Кумановско) Категорија:Починати во Тетовско Категорија:Починати во 1882 година Категорија:Отомански Македонци Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски револуционери