Ophioglossum vulgatum е вид на папрат од фамилијата Ophioglossaceae.
Геномот на хлоропластот, според извештаите, има големина од 138.562 базни парови.
Опис Ophioglossum vulgatum е повеќегодишен вид. Растението расте од основата на ризомот со долги корења, развива само еден лист, гол, висок 5–20 см. Листот е поделен на стерилен и фертиленн дел.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 49, МАНУ, Скопје, 1985 Се размножува преку спори.
Распространетост Расте во многу региони со широка расфрлана распространетост: низ умерената до тропска Африка и низ умерената северна хемисфера во Европа, североисточна Северна Америка, умерена Азија и Евроазија.
Во Македонија расте по влажни и мочурливи ливади и пасишта. Ретко растение е, а познато е за: Струмичко, Прилепско, Гевгелија, Негорска Бања, Китка, Јакупица, покрај Кадина Река, и по работ на Бегово Поле. Се посочува дека е виден овој вид и во околината на Алшар. мини|Расте во песочни дини на Англси
Употреба Традиционална европска народна употреба на лисја и ризоми како облога за рани. Овој лек понекогаш се нарекувал „Зелено масло на милосрдието“. Чај направен од лисјата се користел како традиционален европски народен лек за внатрешно крварење и повраќање.
Таксономија Карл Линеј го опишал ова растение со биномот Ophioglossum vulgatum во неговиот Species Plantarum од 1753 година.
Наводи
Надворешни врски
Профил на растенијата на USDA за Ophioglossum vulgatum
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија