Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во струшкото село Биџево, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на самото сретсело. Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Историја
Народната традиција наведува дека земјиштето за црквата го дал Садик-паша. Откога починал пашата, неговиот син Али-бег ја спречил изградбата на црквата, поради што таа била завршена околу 1900 година.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Четврта струшка парохија Биџево
Наводи
Надворешни врски
Биџево