„Мадиган“ (англиски: Madigan) – филм на режисерот Дон Сигел од 1968 година. Главните улоги ги играат: Ричард Видмарк, Хенри Фонда и Ингер Стивенс.Детектив Мадиган (пристапено на 12.6.2026)
Синопсис Полицискиот детектив Даниел Мадиган добива бројни признанија во текот на својата кариера, иако често работи на границата на професионалната етика. Неговото однесување не му одговара на строгиот полициски комесар Ентони Расел, кој во минатото му бил командир на Мадиган. Опасната работа на Мадиган ја оптоварува неговата сопруга Џулија, па тој се зближува со поранешната девојка Џоунзи, пејачка во ноќен клуб, која уште е заљубена во него. Едно утро, Мадиган и неговиот соработник, детективот Роко Бонаро, на сопствена иницијатива, го апсат Бени Бенеш, но акцијата не успева: не само што Бенеш успева да побегне, туку им го зема и оружјето...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Детективски филмови Категорија:Филмови на Дон Сигел Категорија:Филмови со Ингер Стивенс Категорија:Филмови со Хенри Фонда Категорија:Филмови со Ричард Видмарк Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Филмови засновани на романи