Dianthus minutiflorus — вид каранфил од родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.

Опис и распространетост Повеќегодишно растение високо до 40 см, силно разгрането во основата, со бројни исправени цветни стебленца без гранки и со многу стерилни гранчиња чии листови се собрани во снопчиња. Листовите на стерилните гранчиња се долги 20–40 мм, широки 1,5–2 мм, линејно копјести, кожести, со груб раб и постепено заострен врв. Листовите на стеблото достигнуваат најмногу 25 мм и се 3–4 пати покуси од интернодиумите. Лисните ракавци се долги 2–2,5 пати повеќе од нивната ширина. Цветовите се поединечни на врвовите на гранчињата, а ретко се јавуваат по два. Има четири чашкини лушпи, белузлави или пурпурни, овално јајцевидни, долги околу 6 мм, нагло стеснети во краток триаголен осил долг 1–1,5 мм, и зафаќаат една третина од должината на чашката. Чашката е долга 10–11 мм, широка 3–4 мм, најчесто пурпурна. Запците на чашката се мали, долги 2–3 мм, широки до 1,5 мм во основата, широко триаголни, со остар врв и мембранозен раб. Венечните ливчиња имаат цел раб и се бели.

Расте на високопланински каменливи терени и пасишта со ниски грмушки на варовничка подлога, на височини од 1500 до 2500 метри надморска височина. Претставува многу распространето растение на Шар Планина, Кораб, Дешат, Бистра, Јакупица, Пелистер, Дудица, Галичица и Илинска Планина. Галерија

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа