Елешничка тврдина () е средновековно отбранително съоръжение, разположено край валовищкото село Елешница, Валовишко, Егејска Македонија.
Местоположба Тврдината е сместена на карпест и стрмен рид на 0,5 км југоисточно од селото Елешница. Ридот има добра природна заштита. Северно од карпата тече длабок поток чии води по ок. 1,5 км се влеваат вореката Белица. Оддалечена е 4 км од тврдината Ески Хисар, и има визуелен контакт со неа и со Хисар во Валовишта.
Историја Историските извори не ја спомнуваат тврдината. Површинската керамика датира од римско до доцновизантиско време.
Ѕидот е изграден од варов малтер, што ја прави средновековна. Ова е впрочем рудиментарен ѕид кој го попречува влезот на карпата. Изгледа дека никогаш немало силно утврдување или тврдина.
Населувањето на местото веројатно е поврзано со копањето и преработката на железо, чии наоѓалишта изобилуваат на ова подрачје. Овие железни рудници се многу стари и нивната експлоатација продолжила и во османлиско време.
Архитектура Од југ-југозападната страна на карпата има зачувано ѕидина, бидејќи тој дел е најранлив. Другите страни имаат природна заштита заради стрмноста на карпите.
Од ѕидот што го преградува влезот се зачувани само неколку рушевини со вкупна должина од околу 25 м. Изграден е од камења со различна големина и сврзани со малтер и малку керамика. Денес е висок само 1 - 1,5 м. Неколку остатоци од ѕидот има и од западната страна. Тука ѕидот просто ги пополнува празнините меѓу карпите. Од западната страна е најдобро зачуваниот дел на ѕидот со должина од 6 м, висина од 2,5 м, а дебелина од 0,90 м.
Внатре има траги од градби. Вон ѕидот на јужната страна има висорамнина полна со растурени камења и керамика. Веројатно тука била населбата.
Наводи
Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Елешница (Валовишко) Категорија:Шарлија