Cryptogramma crispa е арктичко-алпски вид на папрат.

Опис Листовите на Cryptogramma crispa се долги до 15 см, и се појавуваат во две различни форми. Спорангиите се жолти и созреваат околу средината на летото.

Распространетост и екологија Cryptogramma crispa расте меѓу кисели карпи во области каде што снегот се задржува до доцна во годината.

Во Македонија расте меѓу силикатни карпи во алпскиот појас, на надморска височина од 1800-2400 метри.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 52, МАНУ, Скопје, 1985

Се среќава на Шар Планина, Јабланица и Пелистер, а се посочува дека е виден и на Салаковски Езера.

Таксономска историја Cryptogramma crispa се појавил во делото на Карл Линеј од 1753 година „Species Plantarum“, почетната точка за ботаничката номенклатура, под името Osmunda crispa. Специфичниот епитет crispa значи ситно брановиден или виткан. Сместен е во семејството Pteridaceae, дел од редот Polypodiales.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија Категорија:Флора на Македонија