Давид Зограф () — зограф и иконописец од XIX век.
Животопис мини|Св. Неофит и Св. Ермолај од јужниот ѕид на „Св. Никола“ во Елена, XIX век Според посредни податоци, се претпоставува дека Давид и неговиот соработник Јаков Зограф биле монаси на светогорскиот манастир Хиландар. Околу 1800 г. Давид работел на фреските во Бигорскиот манастир. Во 1806 г. и 1809 г. изработил икони за црквата „Пресв. Богородица Лагудјани“ во Солун, а во неговите потписи од овој храм е посведочен како јероѓакон. Негови се царските икони „Христос Седржител“ (1806), „Богородица Сецарица“ (1806), „Св. Јован Богослов“ (1806), „Св. Давид Олимписки“ (1806), „Св. Никола на престол“ (1809) и „Св. Атанасиј“ (1809).
Помеѓу 1805–1818 г. и најверојатно во 1810–1811 г. Давид и Јаков заедно ја живописале црквата „Св. Никола“ во градот Елена, Бугарија. Околу 1812-1813 година, двајцата работеле во втората градска црква „Успение на пресв. Богородица“, при што Јаков ги изработил и црковните икони. Иконата „Св. Никола“ (1813), придодадена во јужен агол на иконостасот, која веројатно била изработена за горенаведената црква, може да се припише на Давид Зограф.
Наводи
Категорија:Грчки зографи Категорија:Македонски зографи Категорија:Грчки иконописци Категорија:Македонски иконописци Категорија:Монаси во Хилендарскиот манастир