Хаџи Пуљо Самарински (Самарина, XVIII век – ?) — македонски просветар од влашка народност во периодот на раната преродба.
Животопис Роден е во влашкото село Самарина, Гребенско, денес во Грција. Подоцна станал аџија. Според Кузман Шапкарев, неколку години пред 1830 година, за време на владеењето на преспанскиот и охридски митрополит Калиник, Пуљо почнал да работи како грчки учител во централното училиште во Охрид, каде што го наследил Димитар Мокранин. Кај него учел и Димитар Миладинов. Предавал до крајот на 1830 г. и бил заменет од Миладинов.
Наводи
Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски Власи