Темен жедник () — вид едногодишно цветно тревесто растение кое припаѓа на родот Жедник (Sedum) од семејството Дебелци (Crassulaceae). Природно се среќава по планинските венци на Европа; Кантабриските Планини, Пиринеите, Алпите, Апенините, Карпатите и Балканот. Овој едногодишен сочник расте на надморски височини до 2300 метри.
Опис и распространетост Ова е ниско и голо растение, високо 3-8 мм, неразгрането или разгрането од основата. Стебленцата се целосно покриени со густи листови. Листовите се поставени спирално, долги 3–5 мм, зелени или пурпурно-црвени, месести, издолжени или обратно јајцевидни до елиптични, полуцилиндрични, со тап врв, а кон основата сплеснати и завршуваат со кратко торбесто продолжение; при основата се многу погусти и се преклопуваат. Цветовите имаат пет или шест делови, собрани во компактни соцветија налик на штит, со дршки покуси од самите цветови. Чашкините ливчиња се долги 1,5–2 мм, триаглести, со остар врв, зелени или црвенкави. Венечните ливчиња се 1,5–2 пати подолги од чашкините, бели, жолтеникаво-зелени или розови, со црвена или розова средна жила и две мали странични, а на врвот кратко заострени. Цветот има 10–12 прашници со бели или розови лентовидни филаменти кои се прошируваат кон основата, и жолти антери. Мешунчињата (плодовите) се распоредени како ѕвезда, со крилесто испакнување од внатрешната страна, долги колку венечните ливчиња, широко елиптични, со тап врв, многу кратко столпче и црвени линии или шари.
Во Македонија расте на плитки почви и каменливи варовнички терени во субалпскиот и алпскиот појас до 2.500 метри надморска височина. Варијабилност Sedum atratum subsp. atratum - Растение со неразгранета основа, со кремови венечни ливчиња кои се само малку подолги од чашкините. Не се среќава во Македонија, иако некои постари автори го споменуваат. Sedum atratum subsp. carinthiacum - Растение со разгранета основа, со зеленикаво-жолти или розови венечни ливчиња двојно подолги од чашкините. Во Македонија се среќава на: Шар Планина; Јакупица; Кораб; Галичица. Галерија
Наводи
Категорија:Жедник Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Европа