Никола Кавасила или Николај Кавасила (; 1322 - 1391) — византиски мистичен филозоф и теолог. Се почитува како светец во православието со ден 20 јуни по стар стил (3 јули по нов). Католицизмот користи извадоци од неговото дело За животот во Христа во дневниот круг на богосложба (Часови). Негови најпознати дела се За животот во Христа и Толкување на литургијата.
Живот Роден е во 1322 г. во Солун. Мошне малку се знае за неговиот живот со сигурност, меѓу кои и годините на раѓање и смрт. Познато е дека е роден во аристократско семејство и дека бил внук братанец на теологот и свештеник Нил Кавасила.
Бил мошне близок со царот Јован VI Кантакузин, кого го придружувал кога се повлекол во манастир. Некогаш се сметало дека го наследил чичко му Нил Кавасила како солунски архиепископ; но современите наоди не го потврдуваат тоа. Поверојатно е дека бил свештенослужител во манастирот „Мангана“ во Цариград.
Во исихастичкиот спор застанал на страна на монасите од Света Гора и Григориј Палама.
Починал во 1391 г. во Цариград. Канонизиран за православен светец во 1983 г.
Дело За негово капитално дело се смета За животот во Христа ()ed. pr. of the Greek text, with copious introduction, by W. Gass, 1849; new ed. by M. Heinze, 1899, каде го изложува начелото дека единството со Христа се постигнува со трите големи тајни крштевање, миропомазание и причесна. Во Толкување на литургијата Кавасила покажува длабоко познавање на светотаински и богослужбен живот на православието. Напишал и омилии на разни теми, како и говор против лихварите. Автор е и на пофално слово за монахињата и светица Теодора Солунска од IX век. Голем број негови дела сè уште се постојат како ракописи.
Библиографија Cabasilas, N. Commentary on the Divine Liturgy. 14th century. Translated by J. M. Hussey and P. A. McNulty. St. Vladimir's Seminary Press, 1960. Cabasilas, N. The Life in Christ. St. Vladimir's Seminary Press, 1974.
Наводи
Извори
Надворешни врски Свети Никола Кавасила – Луда љубов, Тивериопол Седум слова за животот во Христа Толкување на Божествената Литургија
Категорија:Родени во 1322 година Категорија:Починати во 1391 година Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Византиски теолози Категорија:Византиски писатели Категорија:Солунски митрополити Категорија:Византиски светци Категорија:Православни светци Категорија:Светци од средновековна Македонија Категорија:Православни мистици Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Кавасила (семејство)