Кромидест жедник () — вид цветно тревесто растение кое припаѓа на родот Жедник (Sedum) од семејството Дебелци (Crassulaceae). Видот е распространет генерално по планините на Средоземјето, и се протега во Франција сè до Париз на север, а е донесен и во Белгија, Германија и, се чини, во Нов Зеланд.

Опис и распространетост Ова е грмушето едногодишно или двегодишно растение чии базални листови најчесто се групирани во розета. Цветните стебла достигнуваат висина од 15 до 30 см, со малку жлездести влакна при основата, а погоре тие се многу погусти. Листовите се од обратно-јајцевидна до копјеста форма, долги 10–30 мм, со плочеста и месеста структура, понекогаш голи, а понекогаш со малку жлездести влакна; долните се спирално распоредени со дршки, а горните се спротивно поставени или во пршлени и без дршки. Цветовите се петчлени и собрани во ретко, издолжено метличесто соцветие; дршките им се влакнести со жлезди и долги приближно колку самиот цвет. Ливчињата на чашката се јајцевидно-копјести, долги 1–1,5 мм, заострени на врвот и покриени со жлездести влакна. Ливчињата на венецот се долги 3–5 мм, јајцевидно-копјести, бели со розова или црвена средна жила, понекогаш со ретки жлездести влакна, завршуваат со остар врв и тенко издолжено врвче. Има десет прашници со бели филаменти и темновиолетови антери. Мешунчињата (плодовите) се исправени, со крем или светлокафеава боја, без влакна, и со долго странично распоредено столпче.

Се среќава на каменити места, карпи, поретки шуми и нивните рабови, до височина од 1500 метри. Растението е забележано на планините Китка; Јакупица; Жеден; Скопска Црна Гора; Шар Планина; Дешат - Крчин; Галичица; Баба со Пелистер; Кожуф; Беласица; Осогово; потоа Таорска Клисура; Куманово - с. Бедиње; Маврови Анови; клисура на Мавровска Река; Кичево - с. Светораче; Демир Хисар - с. Слепче и помеѓу с. Доленци и с. Железнец; Ресен - с. Лева Река и помеѓу селата Стење и Коњско; Охрид — помеѓу селата Пештани и Трпејца; Крушево; Кавадарци - с. Мрежичко; Кочани - с. Оризари; Струмица - с. Свидовица; Гевгелија - с. Богданци. Галерија

Наводи

Категорија:Жедник Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Сирија Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Швајцарија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа