мини|Вуди Ален е режисер на филмот и има една од главните улоги „Секси комедија на Иванската ноќ“ (англиски: A Midsummer Night's Sex Comedy) — филм на режисерот Вуди Ален (Woody Allen) од 1982 година. Тој е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Вуди Ален, Мија Фароу (Mia Farrow), Хосе Ферер (José Ferrer), Џули Хагерти (Julie Hagerty), Тони Робертс (Tony Roberts) и Мери Стинбурген (Mary Steenburgen). Ова е првиот од 13. филмови на Ален во кои глумела Фароу.Filmovi Woodyja Allena: Seksi komedija Ivanjske noći, američki film (1982.) (пристапено на 24.6.2026)
Содржина Дејствието на филмот се одвива на почетокот на 20 век. Познатиот филозоф Леополд (го игра Ферер) и неговата свршеница Ариел (ја игра Фароу) се подготвуваат да го поминат викендот во едно село, заедно со роднината на Леополд, Едриен (ја игра Стинбурген) и со нејзиниот маж Ендрју (го игра Ален). Меѓу гостите се и женкарот д-р Максвел (го игра Робертс) и неговата најнова девојка Далси (ја игра Хагерти). За време на викендот се обновуваат некои стари љубовни врски и започнуваат нови при што секој од присутните прави сплетки против другите...
Наводи
Категорија:Филмови со Вуди Ален Категорија:Филмови со Миа Фароу Категорија:Филмови со Мери Стинбурген Категорија:Филмови со Тони Робертс Категорија:Филмови со Џули Хагерти Категорија:Филмови со Хосе Ферер Категорија:Филмови на Вуди Ален Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1982 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк