Димитар Самарински () — зограф и иконописец од крајот на XVIII – почетокот на XIХ век, претставник на Самаринската школа.
Животопис Роден е во во XVIII век во влашкото село Самарина, Гребенско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Станал зограф и ги обучил своите синови, поп Јован Анагност и Михаил Анагност, во занаетот. Со двајцата ги изработил фреските во наосот и куполата на манастирската црква „Св. Преображение“ кај Самарина; според натпис на влезот во наосот, живописот бил завршен во октомври 1819 г. Нивниот потпис гласи: „διά χειρός των ευτελών Δημητρίου και Μιχαήλ αναγνώστου και αναγνώστου Π(α)π(α)ιω(άννου) εκ της ιδίας χώρας Σαμαρίνας“. Во црквата „Св. Атанасиј“ во с. Големо Црско, Кичевско има икона на Архангел Михаил од 1828 година, дело на Димитар, која понекогаш му се припишува на неговиот внук.
Родословие Внуците на Димитар, синови на Михаил, се зографите Никола и Димитар Михајлови.
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Самаринската школа Категорија:Македонски Власи