Антон Гешов Станишев, познат како Дебарлијата (Крушево, 1828 – Никопол, 1904) — истакнат македонски копаничар, градител и зограф, претставник на Дебарската школа, еден од основоположниците на Калоферската школа.
Животопис лево|мини|Амвонот на соборната црква „Св. Благовештение“ во Прилеп Роден е околу 1828 г. во градот Крушево, во семејството на копаничарот и градител Гешо Станишев. Тој бил помлад брат на резбарот Димитар Станишев, кај кого го научил семејниот занает. Околу 1840 година, заедно со братот Димитар и Петре Филиповски – Гарката, Антон работел на главниот иконостас на црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Рилскиот манастир.
По завршувањето на рилскиот иконостас, браќата Станишеви се одвоиле од Гарката и почнале да работат самостојно. Двајцата браќа работеле во Охрид, во црквата „Пресв. Богородица Каменско“, каде што во 1845 г. го изработиле иконостасот, амвонот и владичкиот престол. Тие го изработиле и иконостасот, амвонот и владичкиот престол на соборниот храм „Св. Благовештение“ во Прилеп, потоа иконостасот на некоја црква во Чачак, како и тој на „Св. Илија“ во Дојран, кој бил уништен за време на Првата светска војна.мини|Иконостасот во црквата „Св. Петар и Павле“ во Силистра, 1890 г.Во 1864 г. браќата се преселиле во Калофер, каде што отвориле резбарска работилница и ја основале Калоферската копаничарска школа. Европските стилови постепено влијаеле врз делото на Станишеви, што е видливо во иконостасот на пловдивската црква „Пресв. Богородица“ и во проскинитарите на другите градски цркви „Св. Константин и Елена“ и „Св. Марина“.
Се оженил во 1865 г. во Калофер со девојка од родот Несторови.
Во 1866 г. Димитар се вратил во родниот град, а Антон бил на чело на мајсторите на Калофер — тие работеле по приватни и јавни објекти во Карлово, Казанлак и други градови. Дела на Антон се владичките престоли во „Св. Јован Претеча“ во Казанлак и во „Успение на пресв. Богородица“ во Шипка, царските двери и крстови во „Св. Тодор“ во Химитли и во црквата во Махалата, царските двери, иконостасите и владичките престоли во „Пресв. Богородица“ и „Св. Никола“ во Карлово, крстот и царските двери во „Св. Петар и Павле“ во Сопот, царските двери и завеси во двете цркви во Панаѓуриште, како и иконостасот, крстот и дверите на црквата „Св. Никола“ во Чирпан.
Подоцна се преселил во Северна Бугарија. Во 1862 г. работел на иконостасот во женскиот манастир „Св. Благовештение“ (урнат во 1959 г.), а следната година изработил иконостас за црквата во с. Габене, Севлиевско. Помеѓу 1863–1865 г. работел на иконостас во храмот „Св. Крал“ во Софија, потоа на иконостасите во „Св. Никола“ во Дрјаново (1866), „Пресв. Богородица“ (1867) и во „Св. Спас“ во Трново (1868). Во 1870 г. изработил иконостас за црквата „Вознесение Христово“ во Враца, а во 1872 г. за „Св. Троица“ во Свиштов. Во 1874 г. работел на иконостасот во „Св. Ѓорѓи“, Тулча, а во наредната 1875 г. на иконостас за црквата во Џумаја и два иконостаси за „Св. Троица“ во Котел. Се вратил во Свиштов и во 1881 г. изработил иконостас за храмот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1884 г. го работел иконостасот на „Св. Никола“ во градот Враца, во 1885 г. на „Св. Никола“ во Разград, во 1890 г. на „Св. Петар и Павле“ во Силистра и во 1893 г. изработил иконостас и владички престол за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Ново Село, Видинско.Енциклопедия България, том 6, Издателство на БАН, София, 1988, стр. 405.Милчева, Христина. Разговор за дърворезбата, Издателство Отечество, София, 1989, стр.44-45. По нарачката во Ново Село, Антон доживеал мозочен удар и престанал да работи.
Постојат докази дека Станишев работел и во Тетевен, каде што го изработил величествениот амвон во црквата „Сите Светители“. Нему му се припишува уште иконостасот во црквата „Св. Димитриј“ во Љасковец, уништена во 1913 г. од земјотрес, а подоцна обновена од тревненскиот мајстор Иван Н. Касев.
Починал во 1904 г. во градот Никопол, Бугарија.
Родословие
Наводи
Категорија:Македонски копаничари Категорија:Македонски иконописци Категорија:Македонски зографи Категорија:Станишеви (крушевски род) Категорија:Луѓе со потекло од Тресонче Категорија:Македонски преселници во Никопол Категорија:Претставници на Дебарската школа