Магда Кипроска-Исахиева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од крајот на 1941 година била член на воспитна гpупa. Наскоро, во 1942 година, била примена за член на КПЈ. Позната е по извонредните резултати во организирањето на младината. Во 1943 година била избрана за член на Месниот Комитет на КПМ - Гостивар, а извесно време била член и на Околискиот комитет на КПМ. Раководела со партиска ќелија во реонот каде живеела, а преку воспитните и скоевските групи организирала собирање на народна помош и растурање на илегален материјал низ градот. Во нејзиниот дом престојувале илегалци, а кратко време била сместена и партиската техника. Тука се подготвувале радио-билтените. Како член на МК КПМ често го ползувала својот дом за одржување состаноци на Месниот комитет.
Поврзано Цвета Кипроска
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ