Евгенија Киријаку ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија и Грчката граѓанска војна, како борец на ДАГ.

Животопис Нејзиниот татко починал во војната во Мала Азија. Била вереница на еден од нејзините соседи кој бил партизан. Фашистичките окупатори го уапсиле и го убиле. Евгенија и покрај тешкиот удар продолжила со антифашистичката борба.

Во 1941 година станала член на КПГ. Била уапсена во 1942 година и затворена во атинските затвори. По ослободувањето повторно стапила во партизани. Евгенија била член на Костурскиот регионален совет на ЕПОН и неуморно работела за организирањето на младите во редовите на ЕПОН. По договорот во Варкиза таа повторно била уапсена од страна на монархофашистите, мачена и затворана во Костурските затвори. На почетокот на 1948 година била ослободена и се вратила во своето село. Но за кратко време повторно стапила во партизани. Учествувала во многу битки на Грамос, Вич, Лерин, Негуш, Воден и на други места.

Пoтoa учествувала во ДАГ и загинала во битката кај Одре 1949 како потпоручник и политички комесар.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ