мини|1. Врв 2. Средишна жила (примарна) 3. Секундарна жила. 4. Лиска 5. Раб на лиската 6. Лисна дршка 7. Пупка Лиска, лисна плоча или лисна ламина — делот од листот што ги извршува сите функции на листот и најчесто е сплескан. Без оглед на изгледот, секој лист има лиска. Лиската има лице и опачина, лицето е свртено кон Сонцето. Листот е целосен ако листот има лисна дршка, во спротивно листот е нецелосен или седечки. Во случај на целосни листови, според бројот на листови на една лисна дршка, се разликуваат прости и сложени листови. Простиот лист на една лисна дршка има само една ливче: липа, бука, топола, даб... Сложениот лист на една лисна дршка има неколку ливчиња: детелина, багрем... На лиските може да се видат линии што јасно се издвојуваат, тие се нарекуваат лисни жили. Лисната нерватура се спроводливи садови на листот низ кои минуваат вода и други корисни материи. Лисната нерватура може да биде: мрежеста, напоредна и лачни.
Наводи
Категорија:Растителна морфологија