Alyssum pulvinare — вид повеќегодишно тревесто растение кое припаѓа на родот Alyssum и семејството Brassicaceae. Цвета во мај и јуни.

Растението е распространето во централна и северна Грција, во јужниот дел на Македонија, во југозападна Романија и Бугарија, каде што на повеќе локалитети расте на пониски предели под 900 метри.Stojanov, N. (1970). "Iglovrǎh – Alyssum L.". In Jordanov, D.; Kožuharov, S. (eds.). Flora na Narodna Republika Bǎlgarija (in Bulgarian). Vol. 4. Sofia: Bulgarian Academy of Sciences. p. 499. Sredna Gora mentioned only here.

Опис и распространетост Alyssum pulvinare е силно разгрането во основата, високо 6–15 см, баздесто, со многу цветни стебленца. Стеблата се исправени, белезникави поради густите ѕвездести влакненца што се преклопуваат, со листови по целата должина и со многу вегетативни гранчиња во основата. Листовите се сиво-зелени, покриени со големи прилепени ѕвездести влакна до 1 мм; основните листови се обратно-јајцевидни до копјести или лопатовидни, со заострен врв; стеблените листови се копјести до лопатовидни, со долги дршки и исто така заострени на врвот. Цветовите се собрани во компактни гроздести соцветија што по цветањето се издолжуваат 3–5 см. Ливчињата на чашката се копјести, долги 3–4 мм, покриени со ѕвездести влакна, а на врвот тие влакна имаат издолжени краци што создаваат сноп. Ливчињата на венецот се жолти, долги 5–6,5 мм, на врвот рамни или благо засечени, обратно-јајцевидни, широки околу 3 мм во горниот дел, а кон основата нагло се стеснуваат во долг клиновиден дел. Кај подолгите прашници филаментите имаат тесни крилца од двете страни што се стеснуваат кон врвот; кај кратките прашници филаментите имаат краток крилест израсток во основата кој е одвоен во горниот дел. Дршките на плодовите се долги 4,5–5 мм, покриени со ѕвездести влакна, од кои дел имаат многу издолжени краци што стрчат. Шушменчињата се долги 4–5,5 мм, елипсовидни до речиси округли, на врвот благо засечени, со силно испакнати капачиња (често едната страна е најподигната), рабовите се рамни, а површината е покриена со ѕвездести влакна со 12–16 краци. Столпчето е долго 3–5 мм. Семките се светло-кафеави и имаат тесен крилест раб.

Во Македонија расте на варовнички карпи и каменливи терени.

Варијабилност Alyssum pulvinare var. pulvinare - Стебленцата се побелени од густите ѕвездести влакна кои се преклопуваат едни со други. Стеблените листови се елиптични до елиптично-копјести, со ѕвездести влакна кај кои сите краци се со еднаква должина. Ѕвездестите влакна на шушменчињата имаат најмногу 15 краци. Иако овој вариетет не е потврден во Македонија, се смета дека е присутен во околината на Нов Дојран и Скопје - с. Дворце. Alyssum pulvinare var. mariovoensis Micevski & Matevski - Стебленцата се зелени или црвеникави, со ретки и нежни влакна во форма на ѕвезда. Стеблените листови се копјести, а ѕвездестите влакна имаат силно издолжени одделни краци и истите четинесто стрчат. Ѕвездестите влакна на шушменчињата имаат најмногу до 15-22 краци. Се среќава единствено во Мариово (Прилепско) „Гола Скрка" пред с. Витолиште.

Наводи

Категорија:Игловрв Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа