Dianthus deltoides или точкест каранфил — вид повеќегодишно цветно растение од родот Carnation и семејството Caryophyllaceae. Природно е распространетo во поголемиот дел од Европа и западна Азија.Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. Се среќава и во многу делови од Северна Америка, како неавтохтон вид.
Опис и распространетост Dianthus deltoides е вид каранфил со височина од 15 до 30 см, со зелена или сивкаста боја. Неговото стебло е покриено со влакненца кои се раширени и свртени наназад. Листовите на неплодните гранчиња се густи и преклопени, тесно копјести со тап врв, влакнести по рабовите и долж средната жила, а понекогаш имаат ретки влакненца и на горната и долната страна. Цветните гранчиња најчесто имаат 6 до 10 парови подолги, тесни лисја, кои кон врвот се заоструваат и се влакнести по рабовите и жилката или целосно влакнести. Цветовите се поединечни, поставени на врвовите на разгранетите гранчиња, со дршки долги 4 до 10 мм. Чашката има 2, поретко 4 лушпи кои стигнуваат до половина од неа, обратно јајцевидни и постепено преминуваат во шилец; поширокиот дел има широк проѕирен раб, а површината е гола или со ситни влакненца во горниот дел, со зелена, светлокафеава или црвенкаста нијанса. Чашката е долга 13–18 мм и широка околу 2 мм, речиси цилиндрична, поширока во долниот дел и потесна кон врвот. Запците на чашката се долги околу 5 мм и широки околу 1 мм во основата, тесно триаголни, постепено заострени, со тенок проѕирен раб и покриени со кратки влакненца по рабовите и површината. Венечните ливчиња имаат ламината долга до 8 мм, темноцрвена со бели точки и влакненца во основата.
Во Македонија претставува многу ретко растение кое расте на планински пасишта во субалпски и алпски предели, на височини од 1200 до 2200 метри, најчесто на длабока почва. Се среќава на Пелистер, Кожуф, Ниџе кај Кајмакчалан, како и на Дудица.
Одгледување и употреба Растението наоѓа широка примена во хортикултурата, каде што неговите многубројни сорти се продаваат како градинарски украси препознатливи по розовите цветови и, карактеристично, потемните зелени листови.Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan .
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Обединетото Кралство Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија