Dianthus jacupicensis или јакупички каранфил— вид каранфил од родот Carnation и семејството Caryophyllaceae. Видот за првпат е опишан од српскиот ботаничар Недељко Кошанин, а сегашното име му го дал македонскиот ботаничар Кирил Мицевски.
Опис и распространетост Dianthus jacupicensis е ниско повеќегодишно баздовидно растение, високо од 1 до 5 см. Листовите при основата на цветните гранчиња се тесни и издолжени, долги 10–30 мм и широки 1–1,5 мм, со заострен врв и благо свиткани, сивозелени и голи, рабовите им се груби, а во основата имаат цилии и три јасни жили – една средна и две странични. На стеблото има само еден пар листови со проширена и црвенкаста основа, а понекогаш стеблото е целосно без листови. Цветовите се поединечни. Чашката има 2 до 4 лушпи, ретко 6, издолжени и допираат до основата на запците, најчесто завршуваат со краток шилец долг 2–5 мм, широк околу 1 мм во основата и со 3–5 јасно видливи жили. Проширениот базален дел на лушпите е црвен и има тесен ципест раб. Чашката е црвена, долга околу 11 мм и широка 4–4,5 мм, најширока во основата, со јасно изразени жили. Запците на чашката се долги околу 4 мм, широки 2 мм во основата, широко триаголни, со кратко заострен врв и широк проѕирен раб кој завршува со ситни цилии. Венечните ливчиња имаат ламината долга и широка околу 7 мм, назабена, црвена, со долги влакненца во основата и пократки во горниот дел.
Расте на варовнички камењари и карпести места во алпскиот појас. Ова е ендемско растение кое вирее единствено во Македонија. Се среќава исклучиво на планината Јакупица, во висинскиот појас од 2000 до 2500 метри, кај Солунска Глава и Марина Дупка.
Наводи
Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Ендемска флора на Македонија