Калишки чинар (сретнуван и како: Калишки јавор; Платаново стебло Platanus orientalis L.) — споменик на природата во вид на чинар сместен во манастирскиот двор на Калишкиот манастир во непосредна близина на струшкото село Калишта, Македонија.

Дрвото е заштитено како споменик на природата од 1961 година.

Местоположба

Чинарот се наоѓа во дворот на Калишкиот манастир, во непосредна близина на новиот конак и параклисот „Св. Теодор Тирон“.

Историја

Според натписна табла пред самото дрво, истото е старо 870 години.

Се верува дека неговиот постанок е паралелен со населувањето на првите монаси во овој комплекс.

Галерија

Поврзано Калишта

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Калишта Категорија:Споменици на природата на Македонија Категорија:Поединечни дрва во Македонија Категорија:Чинари