Калифорникација () — американска комична драма создадена од Том Капинос, која првично се прикажувала во седум сезони и 84 епизоди на каналот Showtime од 13 август 2007 до 29 јуни 2014 г. Серијата го следи њујорчанецот Хенк Муди (Дејвид Духовни), проблематичен романописец што се преселува во Калифорнија и страда од „писателска блокада“. Неговото опивање, женкарење и злоупотреба на дрога ги усложнуваат неговите односи со неговата долгогодишна љубов, Карен (Наташа Макелхон), и нивната ќерка, Бека (Медлин Мартин).
Другите главни ликови во серијата се најдобриот пријател и агент на Хенк, Чарли Ранкл (Еван Хендлер), и сопругата на Чарли, Марси (Памела Адлон). Повторливи теми се сексот, дрогата и рокенролот, кои се редовно застапени, како и помрачната страна на Лос Анџелес. Серијата освоила неколку награди, вклучувајќи две награди „Еми“ (номинирана за уште две) и една награда „Златен глобус“ (номинирана за уште пет).
Серијата се прикажувала и во Македонија.
Содржина Серијата ја раскажува приказната за познатиот писател и славољубив женкар, Хенк Муди (Дејвид Духовни), шармантен заводник и романописец. Некогаш одамна, Хенк бил наполно среќен жител на Њујорк, со својата партнерка Карен и нивната прекрасна ќерка, Бека. Меѓутоа, среќата не траела вечно. Последниот роман на Хенк, „Бог нѐ мрази сите“, бил откупен за филмска екранизација во Лос Анџелес. Целото семејство ги напуштило своите домови и се упатило кон „американскиот сон“. Но за Хенк, Градот на Ангелите се претворил во вистински пекол.
Хенк го напишал сценариото, кое било безмилосно изобличено од страна на режисерот и глумците. Така, на екраните се појавило нешто под наслов „Оваа луда работа наречена љубов“. Хенк доживеал успех токму кога неговото семејство почнало неминовно да се распаѓа. Карен, чувствувајќи недостиг на внимание, пронашла сродна душа во својот клиент (архитект по занимање). Наскоро, Бил — кого Хенк за време на вечера го нарекол „голема зелена жирафа“ — му ја одзел Карен, а со неа и ќерката Бека, која почнала да живее во новиот дом што Карен го уредила за него.
Како и да е, Бил има ќерка, 16-годишната Мија — убава, сексапилна и прилично лукава. Преку неа, без да знае, Хенк му се одмаздува на Бил за сите навреди. Хенк ја запознава Мија во книжарница и поминува ноќ со неа. Подоцна се открива дека убавицата има само шеснаесет години, а чувството на вина, стравот од откривање и постојаните провокации од страна на самата Мија ќе лебдат како Дамоклиев меч над главата на Хенк во текот на целата прва сезона.
Хенк не се откажува од обидите да ја врати Карен. Преку повремените „враќања во минатото“ што ги гледаме, сфаќаме дека Хенк многу се променил откако семејната среќа му се распаднала пред очите. Тој постојано го посетува домот на Бил, ја опсипува Карен со комплименти и ја брани на забави, додека Бил се обидува сѐ да реши мирно, за да не избувне скандал. Карен и самата се сомнева во правилноста на својот избор — фактот дека го сака Хенк, понекогаш не успева ни самата да го скрие. Меѓутоа, откако решила да стане „поинаква“, да се промени и да созрее, таа повеќе не може да си дозволи да се врати во тој луд и привлечен вител по име Хенк.
Улоги
| Дејвид Духовни || Хенк Муди |- | Наташа Макелхон || Карен ван дер Бек |- | Медлин Мартин || Ребека „Бека“ Муди |- | Еван Хендлер || Чарли Ранкл |- | Памела Адлон || Марси Ранкл |- | Медлин Зима || Мија Луис
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Американски комични телевизиски серии