Сотир Савов (Смрдеш, 1880 – ?) — македонски револуционер и општественик, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, деец на македонската емиграција во Бугарија.

Животопис лево|мини|Раководството на соединената костурска чета. Преден дел: Трпо Шалапутов, Иван Попов, Васил Чакаларов, Христо Силјанов, позади: Сотир Савов од Смрдеш, Крсто Калабуров, Андон Поп Штерев, Тома Желински и Ване Канчев од Косинец.Билярски, Цочо. РЕВОЛЮЦИОНЕРЪТ С ПУШКА И ПЕРО В РЪКАТА - ХРИСТО СИЛЯНОВ - ИСТОРИК НА РЕВОЛЮЦИЯТА. sitebulgarizaedno.com.Роден е околу 1880 г. во селото Смрдеш, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО.

На почетокот на Првата балканска војна се пријавил како доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и станал дел од раководството на Костурската здружена чета. Со четата пристигнал во Костурско и во декември 1912 година, со Пандо Сидов на чело на месната милиција, го сопреле отоманското навлегување од Горица кон Костур.

По војните се иселил во Бугарија. Учествувал како делегат од Ајтоското македонско братство во обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските емигрантски организации во јануари 1923 г.НБКМ-БИА C VIII 38

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Македонски преселници во Ајтос