Антони Робинсон (роден на 8 август 1997 година, во Милтон Кинс) — американски фудбалер со англиско потекло, на и на американската репрезентација.
Биографија Роден е во Милтон Кинс, Англија, на 8 август 1997 година. Неговиот татко Марлон емигрирал во САД, населувајќи се во Вајт Плејнс, Њујорк, а подоцна станал натурализиран државјанин на САД.
Антони израснал во Лондон, Англија, каде што ја започнал својата фудбалска кариера. Неговиот прекар „Џедај“ го добил уште во раното детство поради љубовта кон франшизата „Војна на ѕвездите“.
Робинсон е верен со Дарси Мајерс, со која имаат две деца.
Технички карактеристики Лев бек, кој има извонредна издржливост и физичка сила. Освен играта со левата нога, меѓу неговите квалитети се издвојуваат неговата брзина, одземањето на топката од противникот, интензитетот, навремените стартови и чувството за позиционирање. Во Болтон за првпат заиграл како бек, подобрувајќи се и напредувајќи во дефанзивната фаза, и покрај тоа што во почетокот имал потешкотии во одбраната. Подоцна во Виган, тој играл како лев бек која ја покривал целата страна, демонстрирајќи ја својата способност за трчање покрај противничките средни линии и дејствувајќи како дополнителен играч од средниот ред кога не ја имал топката во посед, што му овозможило да се подобри во нападот.
Клупска кариера Евертон Робинсон дошол во академијата на Евертон на 11-годишна возраст. И покрај неспорниот талент, во раните години од кариерата тој се соочувал со проблеми со повреди кои го успорувале неговиот развој. Сепак, по завршувањето на сезоната 2014-2015, тој го потпишал својот прв професионален договор со клубот.
Во сезоните 2015-2016 и 2016-2017, тој играл редовно за вториот тим на Евертон под 23 години, освојувајќи ја таканаречената Премиер лига 2 во втората сезона.
Тој никогаш не бил повикан во натпревар на првиот тим, заминувајќи на позајмица во летото 2017 година, без ниту еден настап за Евертон.
Болтон Вондерерс На 4 август 2017 година, Робинсон му се приклучил на Болтон Вондерерс на позајмица до јануари 2018 година. Пет дена подоцна, откако му се приклучил на клубот, на 9 август 2017 година, тој го имал своето деби во победата од 2–1 во Лига купот против Кру Александра. Две недели подоцна, на 22 август 2017 година, тој му асистирал на Џем Караџан за да го постигне третиот гол на клубот во победата од 3–2 над Шефилд Венздеј во следната рунда на Лига купот. Своето деби во првенството го направил на 9 септември 2017 година, во поразот од 3–0 од Мидлсбро во Чемпионшип, играјќи ги сите 90 минути. Во текот на сезоната Робинсон се етаблирал на позицијата лев бек, победувајќи ја конкуренцијата од Ендрју Тејлор. Подоцна, на 5 јануари 2018, позајмицата на Робинсон во Болтон била продолжена до крајот на сезоната. Својата прва професионална сезона во кариерата ја завршил со 30 настапи во првенството и 4 во куповите, без постигнат гол.
Виган Атлетик На 3 август 2018 година, Робинсон бил испратен на нова позајмица во Чемпионшип, овојпат во Виган Атлетик. После 26 настапи во сезоната 2018-2019, на 15 јули 2019 година, тој бил купен од Виган потпишувајќи тригодишен договор со клубот.
На 26 ноември 2019 година, Робинсон го постигнал својот прв гол во кариерата во натпреварот на гостински терен против , што завршил нерешено 2-2. Откако импресионирал во првата половина, како еден од најдобрите леви бекови во Чемпионшип лигата, Робинсон бил пред потпис на договор со италијанскиот клуб Милан во трансфер вреден околу 13 милиони американски долари пред да се затвори трансферниот прозорец на 31 јануари 2020 година. Сепак, договорот пропаднал кога на медицинскиот преглед на Робинсон во Милан била откриена неправилност на срцевиот ритам која барала понатамошно тестирање, кое што не можело да се заврши пред крајниот рок предвиден за трансфери.
По враќањето во Виган, Робинсон тренирал со тимот додека бил под медицински надзор, а во март бил подложен на медицинска процедура за да се отстрани неправилноста во срцевиот ритам – наречена аблација третман. Тој се вратил на терените во јуни кога првенството било продолжено после паузата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 и ги одиграл сите девет натпревари на Виган во овој период, но не успеал да го спаси клубот од испаѓање во Лига Еден.
Фулам По испаѓањето на Виган од Чемпионшип, Робинсон се преселил во клубот од Премиер лигата, Фулам, на 20 август 2020 година, за надомест од 2 милиони фунти.
Тој го имаше своето деби за клубот во натпревар од Лига купот против Ипсвич Таун на 16 септември 2020 година, во победата на Фулам. Потоа играл и во следната рунда на 23 септември против Шефилд Венздеј во победата од 2–0. Своето деби во Премиер лигата го имал на 4 октомври 2020 година, против Вулверхемптон Вондерерс. Првата сезона ја завршил со 28 првенствени настапи, и испаднал со клубот во Чемпионшип на крајот од сезоната.
Тој го постигнал својот прв гол за клубот во натпреварот од Лига купот против Бирмингем Сити на 24 август 2021 година. Робинсон бил клучна фигура во освојувањето на Чемпионшип 2021–2022 од страна на Фулам и неговото враќање во Премиер лигата, учествувајќи во 36 првенствени натпревари и постигнувајќи 3 гола. Тој бил вклучен во Тимот на сезоната во Чемпионшип.
Репрезентативна кариера
Робинсон имал право да игра и за Англија и за САД. Роден е во Милтон Кинс и израснат во Ливерпул, Англија. Неговиот татко е роден во Англија, но израснат во Вајт Плејнс и добил американско државјанство. Робинсон, исто така, има јамајканско потекло преку неговите баба и дедо по таткова линија.
Робинсон најпрво настапил за репрезентацијата на САД под 18 години, а подоцна бил повикан и во селекцијата на САД под 20 години, иако за неа никогаш не настапил.
Во март 2018 година, Робинсон бил поканет во сениорскиот камп на САД како и во кампот на англиската репрезентација под 21 година; тој го прифатил повикот на сениорската репрезентација на САД за пријателскиот натпревар против Парагвај во кој бил селектиран да започне на клупата. Тој го имал своето деби за сениорската репрезентација на САД на 28 мај 2018 година, играјќи ги сите 90 минути во пријателската победа од 3–0 против запишувајќи притоа една асистенција.
Откако бил стандарден за време на квалификациите постигнувајќи притоа и два гола, во ноември 2022 година, Робинсон бил повикан од селекторот Грег Берхалтер во списокот со играчи кој го претставувале САД на Светското првенство 2022 во Катар. На 21 ноември, тој го направил своето деби на турнирот во натпреварот против (1-1) од групната фаза и ги одиграл сите четири натпревари на репрезентацијата на турнирот, на кој американците го завршиле своето учество после поразот во осминафиналето од .
На 26 мај 2026, Робинсон бил избран од новиот селектор Маурисио Почетино составот на САД од 26 играчи за Светското првенство 2026, играно на домашно тло (со Канада и Мексико како ко-домаќини).
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 9 јули 2026.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 ФЛЧ 30 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0+0 - - - - - - 34 0 2018-2019 ФЛЧ 26 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 26 0 2019-2020 ФЛЧ 38 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 39 1Вкупно Виган Атлетик 64 1 1 0 - - - - 65 1 2020-2021 ПЛ 28 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0+0 - - - - - - 32 0 2021-2022 ФЛЧ 36 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+1 - - - - - - 37 3 2022-2023 ПЛ 35 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 - - - - - - 38 0 2023-2024 ПЛ 37 0 ФАКуп+ЛК 2+5 0+0 - - - - - - 44 0 2024-2025 ПЛ 36 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0+0 - - - - - - 38 0 2025-2026 ПЛ 22 1 ФАКуп+ЛК 2+2 0+0 - - - - - - 26 1Вкупно Фулам 194 3 21 1 - - - - 215 4Вкупно во кариерата 288 4 26 1 - - - - 314 5
Титули Клупски Фулам Фудбалска лига на Англија Чемпионшип : 1 2021-2022
Репрезентативни САД КОНКАКАФ Лига на нации : 3 2019-2020, 2022-2023, 2023-2024
Индивидуални ПФА Тим на годината: 2021–2022 Играч на сезоната на ФК Фулам: 2024 Американски фудбалер на годината: 2024
Наводи
Надворешни врски
Антони Робинсон на soccerway Антони Робинсон на transfermarkt Антони Робинсон на espn Антони Робинсон на whoscored
Категорија:Луѓе од Милтон Кинс Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Болтон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026