Коце П. Бондиков или Кочо Бондиќ (Велес, 1878 — ?) — македонски трговец и деец на Македонските братства. Учесник во Балканските војни и Првата светска војна.
Животопис Коце Бондиков е роден во 1878 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. За време на Хуриетот, Бондиков се приклучил во оркестрата на Кочо Матов Апостолов — Чаушот. Заедно со други членови свиреле чалгиска музика. Во 1912 година, за време на Првата балканска војна, Бондиков се приклучил во Македоно-одринските доброволни чети како дел од четвртата битолска чета.
Повторно учествувал во МОО при Втората балканска војна и подоцна Првата светска војна. Поради тоа бил награден со орденот „за храброст“. По војните се преселил во Красно Село, населба во Софија, Царство Бугарија. Учествувал во основањето на Красноселската банка. Меѓу двете светски војни дејствувал како деец на Македонските братства. Починал во Софија. Денес е погребан во Централните софиски гробишта.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски трговци Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Македонски стопанственици