Rubus saxatilis, е вид Rubus широко распространета низ поголемиот дел од Евроазија.
Опис Многугодишно тревесто растение кај кое надземните делови траат само една сезона, а потоа изумираат. Стебленцето 10-25 цм високо, вегетативно стебленце полегнато, влакнесто, кругло, препокриено со мали трнчиња, од кое следната година се образуваат цветните гранчиња. Листовите тројни. елиптично-јајцевидни, по рабовите неправилно назабени, на горната страна зелени, на долната бледозелени, од двете страни со ретки влакна.
Прилисниците копјести, до широко копјести. Цветовите3-10, собрани во лажно штитовидно соцветие. Чашкините ливчиња копјести, на врвот зашилени, со прилегнати влакненца, 5-6 мм долги, по цветањето расперени или свиткани наназад. Венечните ливчиња мали, тесно-елиптични, исправени, бели, скоро со еднаква должиба како и венечните ливчиња. Прашниците вертикални, бели, подолги од столпчињата. Плодовите образувани од 2-6 светло-сини костелковидни плодчиња.
Распространетост и живеалиште Ова растение е распространето е низ Евроазија од Исланд и Шпанија на исток, па сè до Кина. Исто така, пронајден е и во Гренланд.
Rubus saxatilis може да формира густи грутки, ширејќи се преку своите изданоци. Може да се шири и со семе, преку изметот на птици кои се хранат со плодот. Цвета во влажни шуми и груби места и може да расте во чистини создадени со сечење дрвја.
Распространетост во Македонија Расте на карпести места, како и во појас на шума од црн бор. Познат за Караџица: Рада Планина - над с. Патишка Река, како и Капина, Јакупица, Сува Гора и Рудока.
Употреба
Кулинарски Бобинките се јадат сурови или варени, и имаат кисел вкус, но се вкусни. Во руската кујна, тие се јадат обично со шеќер, мед или млеко и можат да се користат за подготовка на желе, компот, сок, сируп, џемови и квас.
Медицински Многу делови од растението се адстрингентни, главно поради присуството на танини. Декокт од коренот некогаш се користел во Индија за лекување на опуштени црева и дизентерија, а исто така и за лекување на спазматичната фаза на голема кашлица. Декокт од листовите се користел за лекување на дизентерија и некои видови крварење.
Друго Од плодот може да се добие виолетова до мат сина боја.
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Флора на Западните Хајлендс, цветни растенија и папрати што растат диво во Западните Хајлендс на Шкотска Национални музеи на Северна Ирска, 2010, флора на Северна Ирска фотографија од примерок од хербариум во Ботаничката градина во Мисури
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Руска кујна Категорија:Флора на Гренланд Категорија:Флора на Европа Категорија:Капина (род) Категорија:Флора на Македонија