Ephedra major — вид опишан од Николаус Томас Хост, вклучен во родот Ephedra и семејство Ephedraceae.

Опис Грмушесто растение со многубројни нагоре исправени густи зелени гранчиња, со надолжни бразди. Листовите растат најмногу до 3 мм, сраснати во кус ракавец. Машките соцветија приседнати, со 2-4 пара цветови, а женските се со по еден цвет обвиен со 2 пара лушпи. Плодот е долг 5-7 мм, црвен или жолт.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 85-86, МАНУ, Скопје, 1985

Подвидови во Македонија

Видот е поделен на следниве подвидови: Ephedra major subsp. major - многу ретко растение, познато само за некои локалитети, и тоа: Штипско, Таорска Клисура, клисурата на реката Треска, Пчиња и Црна Река. Ephedra major subsp. procera -ова е често растение, и се развива во Жеденска Клисура, и клисурата на реката Треска, Матка, Таорска Клисура, Пчиња, Тополка, Бабуна, Демир Капија, Козјак, Порече, Охридско, Тетовско, и се посочува за Голем Град. Ephedra major subsp. suggarica.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија