Златната детелина (науч. Trifolium aureum) — едногодишен или двегодишен тревест вид на детелина од фамилијата бобови опишан од Јохан Адам Полих.
Опис Растението е едногодишно или двегодишно тревесто растение, високо 10–30 см, со исправено стебло. Листовите се троделни, составени од три неподвижни ливчиња. Ливчињата се долги 15–25 мм и широки 6–9 мм. Соцветијата се издолжени, топчести, со пречник од 12–20 мм и се развиваат на врвот на стеблото. Цветовите се жолти и легнати. По прецветувањето стануваат кафеави и добиваат хартијаста текстура. Плодот е мешунка која обично содржи две семиња.
Слични растенија Други растенија што имаат три ливчиња и мали жолти цветови вклучуваат полската детелина (T. campestre), тенкостеблената детелина (T. dubium), Medicago lupulina и стрчестата красатка (Oxalis stricta).
Распространетост и екологија Златната детлеина е домородна низ цела Европа (само во Шпанија на североисток), западна и северна Азија и на Блискиот Исток (во Кискавка и западен Сибир, Ерменија, Азербејџан, Грузија, северен Иран, Либан и Турција). Исто така, е автохтон на Канарските Острови.
Видот е широко одомаќинет во Северна Америка: првпат бил воведен во Соединетите Американски Држави (преку Пенсилванија) во 1800 година, каде што сега се среќава во западните (дури и на север до Алјаска) и источните региони на земјата, но не во средината, ниту многу во јужните држави. Сега се среќава и во Канада во сите нејзини јужни провинции (со можен исклучок како Манитоба).
Растението е многу честа појава низ застапените земји и региони и расте добро на сиромашни, недопрени површини.
Литература
Наводи
Надворешни врски
Џепсонов прирачник - Trifolium aureum Вашингтонски музеј Бурк Trifolium aureum - Галерија на слики
Категорија:Детелина Категорија:Флора на Алпите Категорија:Флора на Грузија Категорија:Флора на Азербејџан Категорија:Флора на Ерменија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Растенија опишани во 1777 година Категорија:Флора на Македонија