Фоларин Џери Балогун (роден на 3 јули 2021 година, во Бруклин) — американскo-англиски фудбалер, на и на американската репрезентација.
Биографија Балогун е роден во Бруклин, Њујорк, од Јоруба-нигериски родители. Неговите родители живееле во Лондон и го посетиле Њујорк кога неговата мајка била бремена седми месец со него. Персоналот на авиокомпанијата не ѝ дозволил да се качи на семејниот повратен лет за Лондон поради безбедносни причини со напреднатата бременост, а Балогун подоцна се родил во Њујорк. Тој се вратил во Англија со своите родители кога имал два месеци и израснал во Лондон.
Технички карактеристики Многу брз и вешт централен напаѓач, способен да напаѓа во длабочина. Неговата посилна нога е десната, но може да шутира опасно и со левата. Неговата игра е многу едноставна, а меѓу главните квалитети по кои се издвојува се одличното движење во просторот, асистенциите, изведувањето на пенали, ударот од средна дистанца и моќниот шут. Има и добра индивидуална техника поради што се смета за еден од најдобрите напаѓачи во американскиот фудбал.
Клупска кариера Арсенал Балогун се приклучил на академијата на Арсенал на осумгодишна возраст, откако бил скаутиран додека играл за неговиот претходен тим од Сандеј лигата, Алдерсбрук. Пред да дојде на проба во Арсенал, тој бил на проби кај нивните ривали од Северен Лондон, Тотенхем Хотспар и речиси потпишал за нив.
Во 2017 година, Балогун беше составен дел од тимот на Арсенал под 16 години предводен од Тревор Бамстед, кој го освоил Купот „Лиам Брејди“, победувајќи ги Бајерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Јувентус. Во февруари 2019 година, тој го потпишал првиот професионален договор со клубот. Во јули 2020 година, откако не успеал да се договори за нов договор со Арсенал, тој бил поврзуван со трансфер надвор од клубот, особено по испратената понудата за трансфер од Брентфорд вредна 8 милиони фунти.
На 29 октомври 2020 година, Балогун го направил своето деби за првиот тим на Арсенал, влегувајќи како замена во 74-тата минута од натпреварот од групната фаза на Лига Европа против Дандолк. На 26 ноември, тој го постигнал својот прв сениорски гол, во друг натпреваар од групната фаза на Лигата на Европа против Молде.
На 26 април 2021 година, Балогун потпишал нов долгорочен договор со клубот. На 13 август, Балогун го имал своето деби во Премиер лигата во поразот со 2–0 од Брентфорд.
Мидлсбро и Ремс На 12 јануари 2022 година, тој се приклучил на екипата на Мидлсбро во Чемпионшип на позајмица до крајот на сезоната. На 8 март, тој го постигнал својот прв гол во дресот на „Боро“ во поразот од 4–1 од Шефилд Јунајтед, и подоцна постигнал гол во две последователни победи над Бирмингем Сити и Питерборо Јунајтед.
Во август 2022 година, тој се преселил на позајмица во францускиот клуб Ремс. Балогун постигна гол на своето деби за клубот на 7 август, во поразот со 4–1 од Олимпик Марсеј; во истиот натпревар, друг позајмен играч од Арсенал, Нуно Тавареш, исто така на своето деби, постигнал гол за Марсеј. На 29 јануари 2023 година, Балогун постигнал гол во судиското продолжение за да спаси бод за својот тим во ремито 1–1 на гости против лидерот во првенството Париз Сен Жермен. Тоа бил неговиот единаесетти гол во Лига 1 во текот на сезоната 2022-2023, повеќе од кој било друг играч на возраст од 21 година или помалку во петте најдобри европски лиги. Три дена подоцна, Балогун го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата од 4–2 над , стигајќи до својот четиринаесетти сезонски гол во првенството, со што избил на првата позиција на листата на стрелците во тој момент. Тој ја завршил сезоната со 21 постигнат гол, како четврти најдобар стрелец во лигата.
По враќањето во Арсенал во летото 2023 година, Балогун изјавил дека нема повторно да оди на позајмица и сака траен трансфер. Голем интерес за него покажале неколку екипи како Челси, Интер и Монако.
Монако На 30 август 2023 година, Балогун потпишал петгодишен договор со Монако, за пријавена сума од 30 милиони евра, која би можела да се зголеми на 40 милиони евра со бонусите. На 2 септември, тој го одиграл својот прв натпревар за Монако, влегувајќи во игра како замена против . За време на натпреварот, тој го добил жолт картон за симулација обидувајќи се да заработи пенал. На 17 септември, тој го постигнал својот прв првенствен гол за Монако, по три минути откако влегол од клупата во ремито 2–2 против Лорјан. На 22 септември, тој го имал својот прв старт за клубот, во натпревар во кој промашил два пенали во поразот со 1–0 од Ница.
Во сезоната 2024–2025, Балогун претрпел серија повреди поради кои пропуштил поголем дел од сезоната. На 3 мај 2025 година, тој постигна гол во својот прв старт по враќањето од повреда, во победата од 3–1 над Сент-Етјен.
На 4 ноември 2025 година, тој го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, обезбедувајќи ја победата со 0–1 на гостувањето кај Боде/Глимт. На 17 февруари, во првиот натпревар од плејоф рундата на Лигата на шампионите, Балогун постигнал два гола во првото полувреме против Париз Сен Жермен, иако Монако на крајот загубил со 2–3. Еден месец подоцна, на 6 март, тој постигнал уште еден гол и забележал асистенција во првенствениот натпревар против ПСЖ, во кој Монако победил со 3–1. Почнувајќи од 21 февруари, тој постигнал голови во осум последователни првенствени натпревари (притоа учествувајќи во акциите за 10 голови на тимот во последните 10 натпревари). Со ова, тој го изедначил рекордот на Килијан Мбапе од Реал Мадрид (8 натпревари) за постигнати голови во низа во петте најдобри европски лиги за сезоната 2025–2026. Исто така, Балогун бил на само еден гол од поставување на рекорд за најмногу постигнати голови во серија во Лига 1 во 21-от век. Балогун ја завршил сезоната 2025–2026 како најдобар стрелец на Монако со 19 гола и четири асистенции во сите натпреварувања и четврти најдобар стрелец во Лига 1 со 13 гола. По завршување на сезоната, тој бил прогласен за Играч на сезоната на Монако.
Репрезентативна кариера Роден во САД од нигериски родители, и израснат во Англија, Балогун имал право да игра за репрезентациите на САД, Англија и Нигерија пред да ја донесе конечната одлука во летото 2023 да игра за САД.
Тој играл за младите англиски репрезентации под 17, под 18, под 20 и под 21 година, како и за американската репрезентација под 18 години.
На 1 јуни 2023 година, за првпат бил повикан во сениорската репрезентација на САД. Дебитирал за најдобриот американски тим 14 дена подоцна, во натпреварот од полуфиналето на КОНКАКАФ Лигата на нации, во кој американците го победиле со 3-0. Тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата три дена подоцна во финалето на натпреварувањето, во кое ја победиле со 2-0.
Во 2024 година, тој бил меѓу играчите повикани за Копа Америка, турнир на кој постигнал два гола, против и .
На 18 мај 2026, тој бил повикан од селекторот Маурисио Почетино за Светското првенство 2026. На 12 јуни, во првиот натпревар од групната фаза против Парагвај, добиен со 4-1, тој постигнал два гола први за него на Мундијалите. На 1 јули, тој го постигнал првиот гол во натпреварот од шеснаесттинафиналето, добиен со 2-0 против ; сепак, во истиот натпревар, тој бил исклучен во 64-тата минута откако добил директен црвен картон по еден опасен старт врз глуждот на босанскиот дефанзивец Тарик Мухаремовиќ. Четири дена подоцна, неговата суспензија била укината од ФИФА, со што Балогун добил можност да му биде на располагање на селекторот Почетино пред осминафиналниот натпревар на турнирот, иако таквата одлука наишла на силни критики, меѓудругото и затоа што во истата бил вмешан и Претседателот на САД, Доналд Трамп. Сепак, САД и со Балогун на теренот го загубиле следниот натпревар од Белгија со 4-1.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 1 јуни 2026 Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛЕ 5 2 КШ 0 0 6 2 2021-gen. 2022 ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - 4 0Вкупно Арсенал 2 0 3 0 5 2 - - 10 2 јан.-јун. 2022 ФЛЧ 18 3 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - 23 3 2022-2023 Л1 37 21 КФ 2 1 - - - - 39 22 2023-2024 Л1 29 7 КФ 3 1 - - - - 32 8 2024-2025 Л1 13 4 КФ 0 0 ЛК 3 0 СФ 0 0 16 4 2025-2026 Л1 30 13 КФ 3 1 ЛШ 10 5 - - - 43 19 Вкупно Монако 72 24 6 2 13 5 0 0 91 31 Вкупно во кариерата 129 49 16 3 18 7 0 0 163 58
Титули Репрезентативни САД КОНКАКАФ Лига на нации : 2 2019-2020, 2022-2023
Поединечни Играч на сезоната на Монако: 2025-2026
Наводи
Надворешни врски
Фоларин Балогун на soccerway Фоларин Балогун на transfermarkt Фоларин Балогун на espn Фоларин Балогун на whoscored
Категорија:Луѓе од Бруклин Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026