Борис Бегинов (Велес, 18 јануари 1911 — Велес, 15 јануари 1996) — истакнат македонски глумец и режисер во повоена Македонија. Играл улоги во филмовите Фросина и Македонска крвава свадба. Првиот директор и режисер во Велешкиот народен театар.
Животопис Борис Бегинов е роден на 18 јануари 1911 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од велешката населба Дворови. Стекнал основно и средно образование во неговиот мајчин град. Од млада возраст се занимавал со режија. Во 1928 година гледал филмски проекции кај стариот хотел „Белград“ заедно со Кочо Рацин, Венко Марковски, Коле Неделковски, Ганчо Хаџи Панзов и Живко Фирфов. Преку нив се запознал со Трајко Ѕигов и Милан Војницалија, рани дејци на кинематографијата во Велес.
По Втората светска војна, Бегинов учествувал во основањето на Велешкиот народен театар. Во јуни 1948 година бил отворен со првата одиграна претстава „Обичен човек“ од Бранислав Нушиќ. Освен „Обичен човек“ биле одиграни претставите „Печалбари“ од Антон Панов, „Ден за одмор“ и „Пријателско срце“ од Валентин Катаев и „Протекција“ од Нушиќ. Прв состав на народниот театар бил: +Прв состав на Велешкиот народен театарИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеФункцијаЗабелешкаБорис Бегинов18 јануари 1911ВелесДиректорОсвен директор, работел како режисер и глумецБлагој Анчевски-Руски8 август 1925ВелесСценографОсвен сценограф, работел како режисер и глумецСтојана Апцева-Дробњак1922ВелесГлумицаЉубица ВишиноваВелесГлумицаТодор ГравчевВелесГлумецРатка ЗарзеваВелесГлумицаРајна ЈордановаВелесГлумицаЈосиф Јосифовски 29 август 1927ВелесГлумецОсвен глумец, работел како сценограф и режисер.Димче Петров-ГалеВелесГлумецСтојан СердарскиВелесГлумецСтојче ФилиповВелесГлумецЕкрем ЏаферовЧашка, ВелешкоГлумецЕпса ЏипуноваВелесГлумица Бегинов бил директор на театарот меѓу 1948-1952 година и повторно пак од 1954 година сѐ до нејзиното затворање во 1966 година. Повоено ги режирал претставите: „Длабоки корени“, „Печалбари“, „Силјан Штркот“, „Бегалка“, „Ученик на ѓаволот“, „Расцветан јасмин“ и „Легендата на Кочо Рацин“. Во 1952 година бил глумец во првиот филм на македонски јазик Фросина. Во 1953 година ја режирал драмата „Чест“ од Васил Иљоски во народниот театар. Играл во филмовите на режисерот Жика Митровиќ во 1960 година во Капетан Леши, во 1966 година играл во филмот До победата и по неа и во 1968 во Брат доктора Хомер. Во 1967 година ја играл улогата на главниот негативец во филмот Македонска крвава свадба. Ги поминал последните години во Велес. Починал на 15 јануари 1996 година.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Починати во 1996 година Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци