Николица или Никулица ( или Nikolica) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во извориштето на реката Девол, околу 15 км јужно од Горица, во подножјето на Лофка (1.877 м), северно продолжение на Грамошта, на надморска височина од 1.230 м.Николица (782185) — GeoNames Низ селото тече истоимена река.

Историја Селото во пишаните извори за првпат се споменува во опширен пописен дефтер од 1530 г. под името Николиче, спахиски тимар, со 19 христијански домаќинства.

Помеѓу XVI и XVII век, Николица била еден од важните влашки трговски градови на Грамошта.Даскалов, Георги, Армъните в Гърция, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр.30 Претставувал металуршки центар, од кој произлегле надарени кујунџии и златари. Според Вангел Трпковски-Трпку, градот броел дури 5.000 куќи, но овој број е најверојатно преувеличен. Кон крајот на XVIII век, за време на судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт, градот бил наполно опустошен, а мештаните се раселиле по целиот Балкан. Уништувањето на Николица и Линотопи е опеано во влашките народни песни.

Епирскиот хроничар Панајотис Араванитос („Етнографска карта на Епир“) го посочува населението на Николица (Nikolitsa) како албанско.

Во XIX век Николица било албанско село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак. При неговата обиколка на областа во 1889 година, Густав Вајганд забележал дека селата Николица и Линотопи биле населени со неколку семејства на албански овчари.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Николица е претставена како чисто албанско село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак со 25 куќи.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград.

Наводи

Категорија:Девол