Андреј Варналиев (Велес, 1886 — Ветерско, 18 април 1906) — македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис Андреј Варналиев е роден во 1886 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Стекнал основно образование во неговиот роден град. Во 1904 година, тој се приклучил во Македонската револуционерна организација. Следната година се приклучил во четата на Петар Јуруков.„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903 – 1908“, ДА – Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.35 Подоцна, тој преминал во четата на Панчо Константинов. На 18 април 1906 година, тој загинал во борбата кај Ветерски манастир.

Наводи

Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Починати во 1906 година Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Ветерско Категорија:Дејци на МРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Варналиеви Категорија:Отомански Македонци Категорија:Отомански дисиденти