Една битка по друга () — американски игран филм од 2025 г., во режија на Пол Томас Андерсон, со Леонардо ди Каприо, Чејз Инфинити, Шон Пен, Бенисио дел Торо и Тејана Тејлор во главните улоги. Филмот добил високи оцени од критиката. Премиерата во САД била на 8 септември 2025 г., а во Македонија на 25 септември истата година.

Филмот бил одликуван со многубројни награди, вклучително и 4 награди „Златен глобус“: за најдобар филм — комедија, за режија и сценарио на Пол Томас Андерсон, како и за глумечката изведба на Тејана Тејлор. Во јануари 2026 г., Една битка по друга добил 13 номинации за наградата „Оскар“, освојувајќи вкупно 6 од нив, меѓу кои и во категориите „Најдобар филм“ и „Најдобар режисер“.

Содржина

„Пет од Гетото“ и Перфидија се членови на левичарската револуционерна група „Франс-75“. Вршат напади на гранични пунктови за прифат на имигранти, грабежи и диверзии. За време на еден од нападите, Перфидија го понижува офицерот Стивен Локџо. Подоцна тој ја фаќа на дело, но ја пушта откако таа се согласува да се сретне со него во мотел. Перфидија и Пет добиваат ќерка, Шарлин. Пет сонува за мирен семеен живот, но Перфидија сака да продолжи со револуционерните дејства. За време на грабеж на банка, таа убива чувар и е уапсена. За да избегне затвор, Перфидија ги предава своите соборци. Локџо ги следи и убива многумина од нив. „Франс-75“ оди во илегала, а Пет и Шарлин, со лажни документи на имињата Боб и Вила Фергусон, се населуваат во градот Бактан-Крос.

Поминуваат 15 години. Вила, која верува дека Локџо ја убил нејзината мајка, учи во училиште и тренира карате. Боб пропаднал: злоупотребува алкохол и дрога, но сѐ уште многу ја сака својата ќерка и се грижи за неа. Во меѓувреме, Локџо добива покана за тајното друштво „Божиќни авантуристи“, составено од поддржувачи на надмоќта на белата раса. За да ја скрие својата поранешна врска со Перфидија, тој одлучува да ја одвлечка Вила под превезот на операција за борба против дрогата. Боб успева да побегне и се обидува да стапи во контакт со „Франс-75“ преку тајна линија, но не може да се сети на лозинката. Побарува помош од Серхио, водач на заедницата на незаконски имигранти и карате-сенсеи на Вила. Следејќи ги учениците на Серхио по покривите, Боб паѓа и е уапсен, но благодарение на врските на Серхио, успева да побегне од болницата.

Вила наоѓа засолниште во манастир, каде што дознава за предавството на нејзината мајка. Локџо го напаѓа манастирот и со помош на ДНК-тест дознава дека Вила е негова биолошка ќерка. Тој му наредува на својот подреден, Аванти, да се ослободи од девојката. Аванти прво ја предава Вила на убијците, но потоа се премислува и започнува пресметка во која загинува. Вила, земајќи го неговиот автомобил, се обидува да побегне. Во меѓувреме, „Божиќните авантуристи“, дознавајќи дека Локџо можеби има ќерка од мешана раса, испраќаат платеник да ги елиминира и него и ќерката. Платеникот прво го следи Локџо и пука во него, предизвикувајќи сообраќајна несреќа, а потоа започнува потера по Вила. Поставувајќи заседа на патот, девојката го убива. Во тој миг пристигнува Боб, кој го пронашол манастирот благодарение на Серхио. Вила, на работ на нервен слом и неверувајќи никому, бара од него да ја каже лозинката. Потоа, со солзи во очите, му паѓа во прегратки.

Локџо, тешко ранет, преживува, но при приемот во клубот „Божиќни авантуристи“ е отруен со гас и кремиран. Враќајќи се дома со ќерката, Боб ѝ предава писмо од мајка ѝ, во кое Перфидија бара прошка и се колне дека ќе се врати во семејството во иднина. Во финалето, Вила заминува за Оукленд за да учествува во протест, а Боб останува дома.

Улоги

| Леонардо ди Каприо|| Боб „Пет од Гетото“ Фергусон |- | Шон Пен || Стивен Џ. Локџо |- | Бенисио дел Торо || Серхио Сент Карлос (сенсеи) |- | Тејана Тејлор || Перфидија Беверли Хилс |- | Реџина Хол || Деандра |- | Чејз Инфинити || Вила Фергусон |- | Алана Хаим || Меј Вест |- | Вуд Харис || Ларедо |- | Тони Голдвин || Вирџил Трокмортон |- | Шејна Макхејл|| Џанглпуси |- | Старлета Дупоа || баба Мини |- | Ди Дабл-ју Мофет || Бил Дезмонд |- | Кевин Тај || Рој Мор |- | Ерик Швајг || Аванти

Наводи

Надворешни врски Матична страница

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови поврзани со расизам Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Американски комедии Категорија:Филмови со Леонардо ди Каприо Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски криминалистички филмови