Rosa pimpinellifolia, е вид роза по потекло од западна, централна и јужна Европа (северно до Исланд и Норвешка) и северозападна Африка.
Живеалиште Генерално расте на песочни дини или варовнички коловози а има крајбрежна дистрибуција кога не е на варовник.
Опис Ниско грмушесто растение, 10-15 цм високо. Подземните делови формулираат нови единки. По стеблото и гранчињата има приличен број на трнчиња кои се до 1 цм долги, прави или малку искривени, тенки и во основата не се проширени, а покрај нив има и многубројни игличести боцки. Листовите со 7-9 ливчиња; ливчињата јајцевидни, 5-20 мм долги, 4-12 мм широки, на врвот тапи, во основата заокруглени, по работ просто напилени, на горната страна зелени и голи, на долната страна сиво-зелени и голи или со влакна по средната жила. Прилисниците тесни, долги, на врвот со расперен слободен дел, лисната дршка обично гола или со неколку жлезди. Цветовите поединечни и без прицветници, 30-40 мм во пречник; цветната дршка 15-25 мм долга, гола или со жлезди на дршки, а покрај нив и иглечести боцки. Чашкините ливчиња линејно-копјести, целокрајни или со 1-2 пара многу мали, линејни, скоро незабележливи сегменти, голи или со многубројни жлездести четини на грбната страна. Чашкините ливчиња по прецветувањето се расперени, а потоа се издигнуваат нагоре и трајно остануваат на плодот. Венечните ливчиња 15-20 мм долги, бели, до кремово-бели. Столпчињата густо влакнести. Плодовите топчести, темноцрвени, голи.
Распространетост во Македонија Расте по планинските варовнички камењари од 1,200 до 2,000 м. Позната е за Скопска Црна Гора (Групче), Дешат - Крчин, Кичево - Баба Сач и Лубен, Прилеп - Козјак и Плетвар, Галичица. Се посочува за Кораб, Дренска Планина, клисурата на р. Треска - Капина, помеѓу Пчиња и Св. Николе, Жеден - кај с. Рашче и с. Бојане.
Одгледување Се одгледуваат бројни сорти, од кои „Stanwell Perpetual“ ја добил наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво. Има многу бледо розови двојни цветови, кои потоа белеат.
Наводи
Надворешни врски Флора Европа: Rosa pimpinellifolia Растенија за иднината: Rosa pimpinellifolia Блејми, М. и Греј-Вилсон, К. (1989). Флора на Британија и Северна Европа . Ходер и Стоутон. ISBN 0-340-40170-2 . Флора на Кина: Роза оксијаканта
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1759 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Африка Категорија:Роза Категорија:Флора на Македонија