Rosa glauca (syn. Rosa rubrifolia), е вид роза по потекло од планините на централна и јужна Европа. Расте од шпанските Пиринеи на исток до Бугарија, и на север до Германија и Полска. Исто така, се среќава како воведен вид на север дури до Скандинавија и Финска.
Опис Висока грмушка (1-3 мм) од која најчесто се развиваат поединечни единки. Младите гранчиња пруинозни, сивкасто-зелени, а окасно стануваат црвеникаво-кафеави. Стеблото и гранчињата се еднотипни но ретки, слабо лачно искривени или прави и обично тенки трња без задебелена основа; младите гранчиња честопати без трња. Листовите со 5-7 ливчиња, широко-елиптични до јајцевидни, 20-40мм долги, 15-25 мм широки, односно 1,5-2 пати подолги орколку широки, голи, многу ретко со влакна по средната жила, синкаво-зелени или пурпурно-црвеникави, на врвот обично тапи, поретко кусо заострени, во основата заокруглени, по работ просто или двојно напилени, во долната третина или четвртина без запци, а запчињата на врвот со жлезди. Лисната дршка и рахисот голи, прилисниците широки, криловидни, голи. Цветовите поединечни или по 2-3 заедно, цветот 20-40мм во пречник, цветните дршки 10-20 мм долги, голи, многу ретко со жлездести четини. Чашкините ливчиња 2-3 мм широки, целокрајни или надворешните ливчиња со еден пар куси линејни сегменти, на грбната страна голи или многу ретко со жлезди, по прецветувањето на цветот чашкините ливчиња се издигнуваат нагоре. Вемечните ливчиња 18-22 мм долги, темнорозови. Столпчињата бело-волнести. Дискот рамен. Плодот топчест, 15 мм во пречник, црвеникаво-кафеав, ретко со жлездести четини.
Распространетост во Македонија Расте по варовничките и силикатни камењари, од 1,000 до 2,000 м надморска височина. Позната е за планините Шар Планина, Мавровско, Бистра, Илинска Планина, Јабланица, Галичица, клисурата на Црн Дрим - с. Луково.
Одгледување и употреба Оваа роза не била широко одгледувана во градините сè до крајот на 19 век. Ливчињата од цветот лесно паѓаат при наводнување со црева, како и од ветер и дожд. Видот е натурализиран во северна Европа, северно од неговиот автохтон ареал, особено во Скандинавија.
Ова растение ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.
Наводи
Литература Флора Европеа: Роза глаука Блејми, М. и Греј-Вилсон, К. (1989). Флора на Британија и Северна Европа . Ходер и Стоутон. ISBN 0-340-40170-2 .
Надворешни врски
Категорија:Флора на Европа Категорија:Роза Категорија:Флора на Македонија