Aristolochia rotunda е тревесто повеќегодишно туберозно растение кое потекнува од Јужна Европа.
Опис Расте до 60 см во должина, со тенки, сјајни, неразгранети или разгранети стебла. Коренот, кртола, достигнува 5-25 смво должина и понекогаш изгледа непропорционално на виткоста на растението. Стеблото има наизменични, големи листови, со мазни рабови, во форма на срце 4-6 см долги. Осамените цветови се цевчести, жолтеникаво-зелени со истакнат, темнокафеав до темновиолетов преклоп, кој произлегува од аксилите на листовите. Цветовите имаат непријатен мирис. Цветниот период се протега од април до јуни. лево|мини|240x240пкс|Крупен план на цвет Распространетост и живеалиште Ова растение е вообичаено во медитеранските земји од Шпанија источно до европска Турција. Натурализирано е многу локално во јужна Англија.
Расте по бреговите на каналите, рабовите на рововите и полињата, страните на патиштата, ливадите, падините и шумите. Претпочита варовити почви и влажни, засенчени подрачја и расте на надморска височина од 0-800 местри.
Во Македонија Во Македонија расте по суви рудерални станишта, покрај дабови шуми или проретчени дабови шуми. Ова е доста често растение во потоплите делови јужно од Велес, и го има во: Велешко, Демиркаписко, Валандовско, Дојранско, Гевгелиско, а се наведува и за Беласица и Струмичко.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 88, МАНУ, Скопје, 1985
Подвидови Прифатени се три подвида :
Aristolochia rotunda subsp. rotunda (autonym) Aristolochia rotunda subsp. insularis (E.Nardi & Arrigoni) Gamisans Aristolochia rotunda subsp. reichsteinii E.Nardi
Хемиски состојки A. rotunda содржи аристолохични киселини кои се канцерогени, мутагени и штетни за бубрезите.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија