„Зоро“ (англиски: Zorro) – филм на режисерот Дучо Тесари (Duccio Tessari) од 1975 година. Автор на сценариото е Џорџо Арлорио (Giorgio Arlorio), а главните улоги ги играат: Ален Делон (Alain Delon), Стенли Бејкер (Stanley Baker) и Отавија Пиколо (Ottavia Piccolo). Филмот бил премиерно прикажан ан 5 март 1975 година и постигнал голем успех кај публиката и кај критиката. Тој е снимен во Алмерија, во Шпанија, а во него Бејкер ја игра својата последна улога.Zorro, talijansko-francuski film (пристапено на 22.2.2025)
Синопсис Набргу по доаѓањето во Нуева Арагон, шпанскиот гувернер Дон Диего (го игра Делон) открива дека таму безмилосно владее расипаниот полковник Хуерте (го игра Бејкер). Затоа, тој се заколнува дека ќе му донесе правда на измачениот народ, Тој се претвора дека соработува со Хуерте, но скришно ја планира неговата смрт. За таа цел, тој става маска и со помош на еден храбар калуѓер станува таинствениот одмазник Зоро. Додека со сите сили настојува да го скрие својот идентитет, Дон Диего ѝ се додворува на убавата Хортенсија (ја игра Пиколо), богата жена која исто така сака да го симне Хуерте од власта.
Наводи
Категорија:Италијански филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1975 година Категорија:Авантуристички филмови Категорија:Филмови на Дучо Тесари Категорија:Филмови со Ален Делон Категорија:Филмови со Стенли Бејкер Категорија:Филмови со Отавија Пиколо