Rosa corymbifera, е вид цветно растение од семејството рози. Потекнува од северозападна Африка, речиси цела Европа, Кавказ, Блискиот Исток и Централна Азија. Првенствено се разликува од Rosa canina по тоа што има погусти листови, особено на долните страни. Најшироко користена во Европа е нејзината сорта „Laxa“.

Опис Грмушесто растение 1,5-3,5 м високо, со лачно искривени стебла. Стеблата со ретки, јаки и малку лачно искривени округли трња чија основа е многу малку надолжно проширена. Цветните гранчиња може да бидат и без трња и со ретки трња. Листовите со 5-7 ливчиња, јајцевидни, широко-елиптични, до обратно-јајцевидни 20-30 мм долги, 10-20 мм широки, на горната страна голи или со ретки влакна, на долната страна со густи прилегнати влакна по средната жила, и страничните жили или со ретки влакна по целата површина, на врвот заострени, по работ двојно напилени, и со жлезди по врвот на запчињата. Лисната дршка и рахисот влакнести и со ретки жлезди. Прилисниците крилести, голи, или на надворешната страна влакнести, на врвот со слободни триаглести делови и со жлездипо работ. Прицветниците широко-копјести, голи или со ретки влакна.

Цветовите поединечни, цветната дршка 12-20 мм долга, гола. Трите надворешни чашкините ливчиња пересто насечени, со линејни сегменти и со жлезди по врвовите на линејните запчиња. По прецветување се свиткуваат надолу и отпаѓаат. Венечните ливчиња 20 мм долги, розови. Столпчињата влакнести, расперени. Дискусот обично конкавен. Плодот топчест, 10-15 мм, гол и црвен.

Распространетост во Македонија Расте по брдски и планински пасишта, камењари, по работ на шумите, напуштени ниви и ливади до 1,600 м надморска височина. Широко распространето растение, познато речиси за сите планини.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Тунис Категорија:Флора на Алжир Категорија:Флора на Мароко Категорија:Роза Категорија:Флора на Македонија