Rosa villosa, е вид роза. Опишана е во 1753 година од Карл Линеј.

Опис Грмушесто растение 0,3-1,5 м високо. Стеблото обично со куси интернодиуми и голи. Гранчињата секогаш со тенки и прави трња, кои понекогаш во основата незначителни се задебелени, а кај младите гранчиња трњата можат и да отсуствуваат. Листовите со 5-7 ливчиња, долгнавести до јајцевидни или широко-елиптични, 20-50 мм долги, 16-30 мм широки, на врвот заострени или кусо заострени, по работ двојно напилени, и со жлезди по запчињата, на горната страна темнозелени со ретко прилегнати влакна, на долната страна воочливо сино-зелени до сиво зелени со многу густи влакна. Лисната дршка и рахисот влакнести и со жлезди со куси дршки. Прилисниците на долната страна и по работ со густи жлезди. Прицветниците широко-копјести, голи или со ретки влакна.

Цветовите поединечни или и по 2, 40-50 мм во пречник, цветната дршка 5-10 мм долга, обично долга колку плодот, со жлездести четини по површината. Чашкините ливчиња копјести до широко-копјести, до 25 мм доолги, на врвот листовидно проширени, по површината со ѓлезди на дршки и со жлездести шетини во основата, надворешните ливчиња по прецветувањето се свиткуваат нагоре и остануваат на плодот. Венечните ливчиња 20-30 мм долги, розови, понекогаш бели. Столпчињата влакнести или волнести, збиени. Дискусот обично конкавен. Плодот топчест до крушковидем, со густи четини по површината.

Распространетост Rosa villosa е домородна на Европа, каде што расте во централните, јужните и југоисточните делови на континентот, вклучувајќи ја и југозападна Русија.

Распространетост во Македонија Расте по планински пасишта и покрај други грмушести растенија од 1,000 до 1,600 м надморска височина. Позната е за Шар Планина, Маврово - Кожа, Врбен, Бродец, Кракорница, Маврово, Никифорово, Радика - покрај Аџина Река, Бистра, Стогово, Дешат - Крчин, Кичево - Баба Сач, Дудица- Стара Река, Галичица, Кожуф - Флора.

Таксономија Најтесно е поврзана со Rosa mollis, со која понекогаш ја мешаат.

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Роза Категорија:Флора на Македонија