Свети Јован Евангелист и Свети Франциск — слика масло на платно насликана околу 1600 година од уметникот Ел Греко, која сега се наоѓа во Уфици. Јован е придружуван од орел (долу лево) и држи златен пехар во кој ја содржи неговата глава. Двајцата светци се боси. Потписот на уметникот, „Dominicos Théotokopulos epoiese“, е на карпа во средиштето на сликата.
Првично му припаѓала на војводското семејство Суека во Шпанија, кое сликата ја чувало во Боадиља дел Монте. Во 1904 година сликата ја наследило семејството Русполи и Годој (шпанската гранка на семејството Русполи), поради бракот на Карлота де Годој, втората војвотка од Суека во 1821 година, со принцот Камило Русполи, син на Франческо Русполи, третиот принц од Черветери. Сликата првпат ја проучувал Мануел Бартоломе Косио во 1821 година во неговото magnum opus за Ел Греко. Manuel Bartolomé Cossio, El Greco, Madrid, Victoriano Suarez, 1908, vol. I, n. 36, SBN IT\ICCU\TO0\1512268 Повторно била проучувана во двотомниот објаснителен каталог од 1962 година на делата на уметникот, од Харолд Едвин Вети. Во 1975 година, била ставена во нова позлатена рамка и подарена на Уфици, каде што сè уште е изложена. Gallerie degli Uffizi, Gli Uffizi: Catalogo generale, Firenze, Centro Di, 1980, p. 310, Inventory Number 9493
Наводи
Категорија:Слики од Ел Греко Категорија:Слики во Уфици Категорија:Уметнички слики од 1608 година