Бушава црнушка (науч. Nigella damascena) е годишно градинарско цветно растение, кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae. Потекнува од јужна Европа (но се појавува и во посеверните земји на Европа), северна Африка и југозападна Азија, каде што се наоѓа на запуштени, влажни делови од земјиштето.
Специфичниот епитет damascena се однесува на Дамаск во Сирија.
Опис Едногодишно тревесто растение високо 30-40 см. Листовите се двојно или тројно пересто насечени, со линејни или кончести сегменти, со ситни боцки по рабовите и со зашилен врв. Најгорните ливчиња, кои се еднакви со долните, образуваат една обвивка околу цветот.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 95, МАНУ, Скопје, 1985
Во Македонија Во Македонија е многу често растение, расте по суви тревести места и по меѓите во потоплите и пониските делови, во клисурите и на други места. На планината Галичица се искачува и до 1200 метри надморска височина. Се среќава во Скопско, Велешко, Кавадаречко, Валандовско, Гевгелиско, Охридско, Дојранско, Прилепско, Штипско, Демирхисарско, Кумановско, итн.
Галерија
Одгледување мини|Избор на сорти Ова растение е лесно за одгледување, и го има во англиските градини уште од елизабетанско време. Сега е широко одгледувано низ целиот свет со умерена клима.
Поврзани видови Сродната Nigella sativa (а не Nigella damascena) е изворот на зачинот познат како црн ким.
Токсичност Дамасценинот е токсичен алкалоид кој се наоѓа во семето од ова растение.
Сепак, во студија кај глувци (100 ppm ip) и ин витро проценка на човечки клеточни линии, не се покажала никаква токсичност.
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Градинарски растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Африка Категорија:Флора на Македонија