Бојан Јованов Вановски (Велес, 25 јануари 1927 — ?) — македонски доктор и гастроентерохепатолог. Поранешен професор во Медицинскиот факултет — Скопје, под склоп на УКИМ.

Животопис Бојан Вановски е роден на 25 јануари 1927 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Стекнал основно образование во неговиот роден град. По Втората светска војна, Бојан Вановски се запишал во Медицинскиот факултет во Загреб. Дипломирал во 1952 година. Од 1962 година до 1964 година работел во Интерната клиника во Скопскиот медицински факултет. Од 1964 година ја воведил дигестивната ендоскопија и е еден од нејзините основноположници.

Истовремено се приклучил во Сојузот на лекари во Југославија. Во 1969 година бил дел од Сојузната комисија за дигестивни болести во Југославија, заедно со Антон Гашпаров, Пенчо Давчев, Ласло Калаи, Иван Матко, Миленко Лалиќ, Ибро Пашиќ, Јован Бијелиќ и Никола Војводиќ. Бојан Вановски објавил 249 стручни трудови, претежно проучувал болести во желудникот и црниот дроб.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1927 година Категорија:Македонски доктори Категорија:Македонски лекари Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје