Надводници () — семејство на цветни растенија сочинето од 35 (до можеби 50) видови во два рода: надводник (Elatine) и бергија (Bergia). Припадниците на надводникот се претежно водни билки, а оние на бергијата се полугрмушки до грмушки. Надводникот е распространет ширум светот од умерени до тропски краишта, со највеќе видови во умерените делови. Бергијата се среќава во умерена до тропска Евроазија и Африка, со две тропски и еден тропски до умерен вид во Америка. Највеќе видови бергија има во старосветските тропи, што важи и за целото семејство. Семејството е отсутно во арктичките екосистеми.

Во Македонија е присутен родот надводник (Elatine), и тоа со два вида: пршленест (E. alsinastrum) и полегнат надводник (E. triandra).

Членовите на ова семејство имаат двополови цветови, обично мали, единечни или во соцветија, до пет делумно преклопувачки венечни ливчиња. Листовите се спротивни или пршленести, кои може да имаат жлезди долж рабовите и имаат прилисници. Водните билки од родот надводник имаат послабо изразени особини како приспособување на водната средина.

Шестпрашничкиот надводник (Elatine hexandra), осумпрашничкиот надводник (Elatine hydropiper) и големоплодниот надводник (Elatine macropoda) се одгледуваат во аквариуми.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Малпигиовидни