Даница Михајлова Кожинкова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Орден заслуги за народ III ред, како и Орден Братство Единство со сребрен венец.

Животопис Во 1941 година била член на воспитна група, а кон крајот на истата година е примена за член на СКОЈ. Набргу била избрана за секретар на скоевска група и водела воспитни групи. Собирала народна помош и оружје за НОВ. Во март 1943 година била избрана за член на средношколскиот скоевски актив во Штип и како таква била затворена. Била одведена во истражен зaтвop во Скопје, но по три месеци, како малолетна, била ослободена. Во нејзиниот дом се одржувале состаноци на скоевски групи и престојувале илегалци. Во август 1944 година заминала во единиците на НОВ и ПОМ - во Четвртата македонска ударна бригада и била заменик комесар на баталјон. Потоа била префрлена во Четиринаесеттата македонска ударна бригада,која влегувала во 50 дивизија. Со Бригадата учествувала во составот на диверзантските групи при ослободувањето на Кочани и Штип. Во септември 1944 година била повлечена за работа во заднината и избрана е за член на Околискиот комитет на СКОЈ. Носител е на Орден заслуги за народ III ред, како и Орден Братство Единство со сребрен венец

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на орден Братство Единство Категорија:Носители на Орден за заслуги за народ