Ратка Ковачева-Протуѓер ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.
Животопис мини|Ратка Ковачева-Протуѓер е носител на Партизанска споменица 1941 Уште како студентка станала член на СКОЈ од 1940 година. Во времето на окупацијата делувала во Битола како член на Месниот Комитет на СКОЈ и член нa КПЈ од 1941 година. Во декември 1941 година била неколку денови в затвор. Од почетокот на 1942 година до мај 1942 година била партиски инструктор во Велес, работела на активирање на жените во НОД. Од мај до август 1942 година била член на Покраинскиот Комитет на СКОЈ. Во август 1942 година повторно била затворена, но наскоро ослободена. Потоа заминала на партиска работа во Охрид - секретар на партиско поверенство на КПЈ. Во март 1944 година по трет пат била затворена и од Скопскиот ВПС (Виш Преки Суд) била осудена на 15 години строг затвор. Со капитулацијата на Бугарија била ослободена и во септември 1944 година стапила во Седмата македонска ударна бригада. Носител е на Партизанска споменица 1941.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941